Невидена брука: Радев и Јотова организираат конференција за Гоце Делчев, ќе има претставник и од „Ванчо Михајлов“

Под покровителство на претседателот на Бугарија, Румен Радев, во среда, на 4 мај, во Националната палата на културата (НПК) ќе се одржи конференцијата „Европска перспектива за добрососедски односи меѓу Република Бугарија и Република С Македонија“.
Од прес-службата на бугарскиот претседател информираат дека трибината ја организирале Институтот за историски истражувања при Бугарската академија на науките и Македонскиот научен институт во спомен на Гоце Делчев.
На конференцијата ќе учествува и потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, Ангел Димитров, копретседавачот на бугарско-македонската комисија за историски прашања, а од „Центарот за култура“ „Иван Михаилов -Битола“ претставник ќе биде Георги Црномаров.
Откако Радев ќе го отвори форумот, ќе се одржи трибина на тема „Гоце Делчев и општата историја на Република Бугарија и Република Македонија – меѓу фактите и идеологија“.
Ќе се дебатира и на теми како „Состојба и перспективи за добрососедски односи: европска зрелост на PCM“ и „100 години организирано движење на македонските Бугари во светот. ”
Форумот ќе се пренесува во живо и на БНТ и на Фејсбук страницата на Радев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓурѓај: Бугарите делат државјанства како на пазар,…
Мешањето од бугарската држава последните години и…
(Видео) Поранешен телохранител на Путин: Има патолошки…
Владимир Путин никогаш не користи мобилен телефон…
Мртва жена пронајдена во стан во Скопје!
На 24.09.2023 во 20:45 во Полициската станица…
СРПСКАТА ЛИСТА ТВРДИ: НАЈМАЛКУ ДВАЈЦА СРБИ СЕ…
Српската листа денеска во името на целиот…
Арсовска се сретна со новоименуваниот австриски амбасадор…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска…