Невработените театарџии преку отворено писмо бараат транспарентност на конкурсите за вработување

Иницијативата „Аудиција СЕГА!“, во која се вклучени над 120 невработени театарски работници преку отворено писмо бара од директорите на националните установи-центри за култура и националните установи-театри поголема транспарентност на јавните огласи за вработување во институциите од областа на театарот.
Во продолжение нивното отворено писмо ви го пренесуваме во целост:
„Почитувани директорки и директори на националните установи – центри за култура и националните установи – театри,
Веруваме дека најголемиот дел од вас се запознаени со постоењето на иницијативата Аудиција СЕГА! – иницијатива на повеќе од 120 невработени или невработени по струка театарски работници (актери, режисери, драматурзи и продуценти). На Светскиот ден на театарот, 27.март, иницијативата прв пат јавно се обрати до министерството за култура со пет барања, како и барање за средба со министерката Костадиновска – Стојчевска. Целта на барањата беше да се изнајде решение за нашиот статус и бројка на невработеност.
На средбата со министерката за култура Костадиновска – Стојчевска, којашто ја остваривме на 5. април 2022 година, дел од барањата беа прифатени и наши претставници од иницијативата се во редовна комуникација и соработка со министерството за култура, со цел спроведување и применување на барањата во пракса.
Нашите барање се следните:
-Секој повик/конкурс за вработување да се објави на веб страната на Вашата институцијата.
-Ангажирање на минимум 1 невработен(а) актер(ка) во секоја претстава од годишната програма, како и ангажирање на минимум 1 невработен(а) режисер(ка) за некоја од претставите од годишната програма.
-Поднесување на нови барања за вработувања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…