Објавено на:

Невремето предизвика пожари и други интервенции во Струмичко

t

Невремето што го зафати Струмичкиот регион предизвика повеќе штети, поради што пожарникарите-спасители интервенираа на неколку локации, соопшти Територијалната противпожарна единица Струмица.

Според информациите, екипите интервенирале при пожар во штала во селото Висока Маала, пожар на сува трева во селото Муртино, како и при отстранување на паднато дрво од коловозот во селото Ново Село.

Од ТППЕ Струмица информираат дека сите интервенции биле извршени навремено, со цел да се спречи поголема материјална штета и да се обезбеди безбедноста на граѓаните.

Пожарникарите апелираат граѓаните да бидат внимателни по невремето, да избегнуваат движење во близина на оштетени дрвја, електрични водови и други потенцијално опасни места, а секој забележан пожар или опасност веднаш да ја пријават на броевите 112 или 193.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Невремето предизвика пожари и други интервенции во…

Невремето што го зафати Струмичкиот регион предизвика…

Истрага против три лица за загадување на…

Основното јавно обвинителство Гостивар вечерва донесе Наредба…

Медијаторите бараат 10-дневен прекин на огнот меѓу…

САД ја проширија својата воздушна офанзива против…

Ги фатив вашите деца, ги ставив во…

Ноќеска околу 00:50 часот во СВР Скопје,…

Узбекистан воведе вонредни мерки – температурите се…

Узбекистанските власти денес воведоа вонредни мерки поради…