Неделков: Толку можеме да направиме засега, ако некој синдикат може повеќе нека помогне

t

Имавме средба. Исходот е тоа што преговаравме за сите прашања. Усогласивме генерално некои ставови за колективните договори. Треба да бидат потпишани во периодот меѓу 1-ви и 31-ви септември.

Околу зголемување на платите, имаше некои наши дополнителни предлози во кој процент да се зголемат, но повторно се враќаме до МОН за анализа и проверка колку средства ќе бидат потребни. Зборувавме и за нова методологија за изработка на плати, во која ќе бидат вградени коефициенти на инфлација и порасти на плата, рече претседателот на СОНК, Јаким Неделков после денешната средба со МОН околу усогласување на платите на наставниците.

Според него, мора да завршат идната недела со преговорите.

-Дали штрајкот ќе биде активиран зависи од резултатите на преговорите. Се е отворено, не можам да дадам ветување. Денес договор нема, појаснува Неделков.

Тој додава дека тема на преговори е последното усогласување на минималната плата за 18,4%.

-Факт е дека треба многу повеќе, но моментов колку можеме тоа и правиме. Ако некој синдикат може повеќе, би биле благодарни. Понекогаш и за просветните работници некој друг да обработи, а не ние постојано да работиме за други дејности. Тоа е нашиот синдикат, еден и единствен во државата, најсилен, рече Неделков пред новинарите.

Извор: Локално

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наставниците се жалат на мобинг од учениците…

Мобингот кон наставниците од страна на учениците…

СОНК: Најдете решение за кризата, онлајн настава…

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура…

Добра вест: Наставниците ќе земат цела плата…

Прифатени се сите препораки на посредникот кој…

Ковачевски го поздрави договорот меѓу СОНК и…

Премиерот Димитар Ковачевски го поздрави договорот за…

НАЈНОВА ВЕСТ: Се договорија СОНК и МОН…

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, вечерва…