Објавено на:

Неизвесност од нафтена криза и глобална рецесија?!

t

Ако конфликтот на Блискиот исток не заврши брзо, цената на горивата ќе скокнат, а тоа може да влијае врз вкупната економија во земјава, коментираат за ТВ24 енергетски експерти. Според професорот Константин Димитров, клучно за тоа е дали ќе се затвори Ормутскиот теснец преку кој се транспортира една петтина од светското снабдување со нафта, но и дали Иран може да ги нападне неколкуте огромни нафтени компании на Блискиот Исток и наоѓалиштата за нафта во Саудиска Арабија. Она што земјава го има на располагање се државните резерви на нафта, кои служат токму за вакви ситуации, коментира Димитров.

„Војната ќе предизвика покачување на цената на горивата ако не се прекине брзо. Македонија не е изолирана, бидејќи не произведува за себе нафта, туку, исто како и цела Европа, купува. Сепак, ние не трошиме премногу нафта за производство на струја. Најмногу ќе почувствуваат возачите, бидејќи ќе поскапи горивото за возилата. Нас ќе не погоди бидејќи имаме многу фирми кои се занимаваат со транспорт. Ако се зголеми цената на гасот, бидејќи е во силна корелација со нафтата, тогаш ќе почувствува економијата во земјава.“

Извори со кои контактираше ТВ24 велат дека во цената на нафтата која регулаторот ја одредува има два клучни компоненти – движењето на берзанските цени и односот меѓу доларот и денарот, а дополнително влијание има и акцизата. Во време на енергетската криза пред неколку години, кога дизелот надмина 100 денари за литар, Владата ја намали акцизата со цел да го ублажи ценовниот шок. На прашањето дали тој механизам и сега е на располагање во случај на нова криза, од Владата нема конкретен одговор.

„Владата ја следи состојбата и сите надлежни институции ќе постапуваат соодветно. Дополнително, Претседателот на Владата ќе присуствува на седница на Советот за безбедност, на која ќе се разгледаат актуелните случувања.“

Во меѓувреме, ескалацијата на конфликтот предизвикува сериозна загриженост на глобалните пазари. Аналитичарите предупредуваат дека цената на нафтата може да достигне од 100 до 120 долари по барел, особено доколку дојде до трајно затворање на Ормутскиот теснец низ кој поминува околу 20 проценти од светските количини на нафта. Дел од експертите оценуваат дека не е потребно целосно прекинување на транспортот за цените нагло да скокнат, доволни се зголемените ризици, повисоките трошоци за осигурување и пренасочувањето на танкерите. Во услови на поширок конфликт што би ја зафатил нафтената инфраструктура во регионот, предупредуваат економистите, не е исклучено ново силно инфлаторно цунами со глобални последици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неизвесност од нафтена криза и глобална рецесија?!

Ако конфликтот на Блискиот исток не заврши…

Истрага во Куманово: Непознато лице истурило сомнителна…

Инцидентот бил пријавен вчера, нешто пред 22…

New York Times: Разузнавачите со месеци го…

Убиството на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али…

Трамп: Во американскиот напад врз Иран убиени…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48…

САД демантираат: „Абрахам Линколн“ не е погоден,…

„Иранската револуционерна гарда тврди дека го погодила…