Нели ќе го раскиневте? Николоски потпиша договор „во духот на договорот за добрососедство со Бугарија“

t

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, потпиша договор меѓу Република Македонија и Република Бугарија, за подготовка и изградба на меѓуграничниот железнички тунел.

Договорот сам по себе не е според, односно меѓуграничкиот железнички тунел е долгоочекуван проект, меѓутоа интересно е што во текстот на договорот се наведува дека истиот е „во духот на договорот за пријателство, добрососедство и соработка“ од 1 август 2017 година, односно фамозниот бугарски договор кој ВМРО-ДПМНЕ континуирано го напаѓаше.

Во минатото ВМРО-ДПМНЕ имаше низа на изјави, реакции и прес-конференции кои го оспоруваат договорот за добрососедство со Бугарија.

Таква е и изјавата на генералниот секретар на партијата, Ѓорѓија Сајкоски, која можете да ја видите во продолжение.

ЛИНК од објавата на ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нели ќе го раскиневте? Николоски потпиша договор…

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски,…

Анкета на ИПИС: Мицкоски со најголема доверба…

Според најновото истражување на Институтот за политички…

Илјадници Бугари и синоќа протестираа против корупцијата,…

Десетици илјади лица синоќа излегоа на улиците…

Бугарија се пофали со првите F-16!

Бугарија официјално ги претстави своите први осум…