Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од потпишувањето на Договорот од Преспа

t

На денешен ден, 17 јуни, пред точно седум години, во селото Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското Езеро, од грчката страна, беше потпишан Договорот од Преспа – историски чин што означи крај на деценискиот спор за името меѓу Скопје и Атина.

Со потпишувањето на договорот, Република Македонија се обврза на промена на уставното име во Република Северна Македонија, додека Грција за првпат официјално го призна македонскиот јазик и македонската националност. Овој компромис отвори нова страница за земјата – беше отворен патот кон членство во НАТО, а билатералната соработка со Грција значително се продлабочи.

Договорот беше резултат на дипломатски напори во време кога на власт во Грција беше СИРИЗА, а во Македонија – СДСМ. Потпишан е од тогашните министри за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕијас, во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас. На церемонијата присуствуваа и посредникот во преговорите Метју Нимиц, поранешниот еврокомесар за проширување Јоханес Хан, поранешната висока претставничка на ЕУ Федерика Могерини, како и други високи претставници од меѓународната заедница и од двете земји.

Договорот од Преспа останува едно од најзначајните дипломатски достигнувања во поновата историја на државата, со ефекти што и денес имаат длабоко политичко, општествено и геополитичко влијание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…

На денешен ден, 17 јуни, пред точно…

СТАНАРИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БАРААТ ПОМОШ ОД…

Две години жителите во зграда на булевар…

Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се…

Денес на дневен ред на Постојаната анкетна…

Koчоска: Цените не се многу високи, горивата…

Горивата се берзански производ на кој не…

Руски генерал: Третата светска војна веќе започна,…

Откако израелската армија нападна ирански цели во…