Објавено на:

Нема милост во војна? Русите разнесоа цел брод за да спречат евакуација на водачите на “Азов”

t

Руската армија го спречи обидот за евакуација на водачите на „Азов“ од Мариупол по морски пат, информираат од руската армија.

Киев се обидел да ги евакуира водачите на украинските нацисти по море, но руските сили отвориле оган врз бродот и намерно ги спречиле, соопшти руското Министерство за одбрана.

Како што изјави на брифингот со новинарите претставникот на Министерството, генерал-мајор Игор Конашенков, украинскиот шлеп „Апачи“ го смени курсот и се обиде да упадне во блокираното пристаниште Мариупол со намера да ги извлече милитантите.

Тие одржуваа радио врска со некој на копно каде што можеше да се забележи сигнален оган. Екипажот одбил да воспостави контакт, не успорил по предупредувачкиот истрел, па руските сили отвориле артилериски оган.

Бродот бил погоден откако избувнал пожар. Екипажот потоа одговори на повиците и потврди дека се подготвени да ги исполнат барањата. На бродот нема повредени. По пребарувањето, бродот е однесен во пристаништето Јејск.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…

Белата куќа соопшти дека САД и Русија…

Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…

Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…

Путин бара од Украинците да земат руско…

Рускиот претседател Владимир Путин почна да врши…

Вулин: Руските разузнавачки служби ни помогнаа против…

Српскиот вицепремиер Александар Вулин рече дека руските…

Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…