Нема „офанзивни“ мерки за цените на маркетите, Мицкоски најави дека ќе разговара за да не ги покачуваат производите

t

Владата засега не донесе нови мерки за спречување евентуални поскапувања на производите во маркетите, иако цените на горивата значително се зголемија по ескалацијата на конфликтот меѓу Соединетите Американски Држави и Израел од една страна и Иран од друга.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ќе разговара со трговците и ги повика да не ја користат актуелната состојба за дополнително зголемување на цените и за префрлање на притисокот врз потрошувачката кошница на граѓаните.

„Сакам и со нив да поразговарам, да не се користи сега овој притисок веднаш да се зголемат цените и притисокот да се префрли врз потрошувачката кошница на граѓаните, за да не мораме ние како влада да преземаме друг тип на, би рекол, офанзивни мерки“, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека Комисијата за заштита на конкуренцијата и Државниот пазарен инспекторат ќе го следат однесувањето на трговците, како на малопродажниот, така и на големопродажниот пазар.

„Врз основа на нивното однесување, така и Владата ќе се однесува. Очекуваме тие да имаат фер однос кон граѓаните, за и ние како влада да бидеме фер кон нив, односно заеднички во овие моменти да го заштитиме стандардот на граѓаните, бидејќи тоа е наша цел и приоритет“, рече премиерот.

Тој додаде дека институциите внимателно ќе ја следат состојбата на пазарот и дека Владата ќе реагира доколку се утврдат злоупотреби или неоправдани поскапувања. објави Скопје1.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема „офанзивни“ мерки за цените на маркетите,…

Владата засега не донесе нови мерки за…

Хегсет ги најавува најинтензивните напади врз Иран…

Соединетите Американски Држави нема да се откажат…

Власта и опозицијата местат тендери за Универзална…

Пет јавни повици само во Министерство за…

Владата одзеде уште 6 лиценци за одгледување…

На денешната прес-конференција во Владата, портпаролот Марија…

Драма во Велес: Скопјанец со другари отишол…

На 09.03.2026 во 08:30 часот во СВР…