Не ги вработувале од партија, затоа младите од ВМРО не сакаат да протестираат: Затоа сите имаат држави, а ние вукој*бина

t

Во Франција деновиве има големи протести поради пензиската реофрма која ја најави Владата на претседателот Емануел Макрон. Интересно е што протестите најмногу ги поддржаа не пензионерите, туку младите и студентите кои ги поддржаа повозрасните генерации во нивната борба.

Кристијан Јандрисоки, кој е истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ ја коментира оваа ситуација на Фејсбук и раскажува ситуација каде претседател на општинки комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ на партиски состанок кажал дека младите не излегуваат на протести затоа што партијата “слабо ги вработувала”.

– Макрон забранил протести. Во ист момент низ Франција излегуваат милиони млади и студенти на улица да им помогнат на возрасните.

Кај нас пред пар недели на еден состанок на ОК го прашале претседателот на локалната УМС зашо младите слабо се активни, овој им рекол зашо слабо вработувања им давале од партија.

Затоа сите имаат држави, а ние вукојебина. Зашо од ваквии ликови кај нас прво е затруена партијата, а после државата.
Од таквии приоритети општеството ни е затруено, од џабелебари и љубители на државна цицка.

Немале вработувања бе…

Да земеш да му опнеш 50 шамара и да не му кажеш зашто.
Мрсулковци едни…. – напиша Јандриоски на Фејсбук.

ЛИНК од објавата на Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…

Во два наврата претходно за време на…

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…

Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…

Долг на фирма не е кривично дело,…

„И лавот му рече на орелот мјау“:…

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…

(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…

Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…