Објавено на:

Не е само Австралија: Уште една држава покрена истpaга пpoтив Ѓоковиќ

t

Сè уште не се знае дали Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Австралија Опен или ќе биде депортиран од Австралија. И додека ја чека одлуката на австралискиот министер за имиграција, Алекс Хок, Ѓоковиќ во Мелбурн ја доби веста дека шпанската полиција поведе истрага поради неговиот престој во Марбела.

Во текот на влегувањето во Австралија, српскиот тенисер пополни документ во кој наведе дека во изминатите 14 дена не патувал никаде, но на 31 декември пристигна во Марбела.

Со оглед дека шпанските власти воведоа правило за влез во државата да имаат само вакцинирани државјани на Србија, никому не му е јасно како Ѓоковиќ воопшто влегол во Шпанија.

Српскиот тенисер можел да влезе единствено со докторско изземање, но тоа сега ќе го истражува шпанската полиција. Медиумите во оваа земја пишуваат дека тој немал лекарско изземање, ниту од шпанската амбасада побарал каква било дозвола.

Инаку, австралиската полиција покрена истрага против тенисерот, ги истражуваа низата нелогичности и грешки околи тестовите што Ѓоковиќ ги правел за коронавирус.

Ѓоковиќ призна дека присуствувал на настани во Белград додека бил инфициран со вирусот, без маска делел награди и имал интервју со новинари од француски весник додека бил позитивен на SARS-CoV-2.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американскиот амбасадор: Поддршка за косовските власти во…

Американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер, по…

Наредба за истрага против полициски службеник и…

По повеќемесечна предистражна постапка, денеска под раководство…

Истрага против тројца браќа за убиство од…

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за…

Петровска ги предизвика ВМРО-ДПМНЕ и МВР: Отворете…

Добро утро послушници од ДПМНЕ. Еве веќе…

Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…