Не престанува да се тресе тлото во Грција: Силен земјотрес ги разбуди жителите, затворени дел од училиштата
Грчкиот остров Евија утрово беше погоден од земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од четири километри и на 78 километри од градот Перистери.
Земјотресот се случил во 5:13 часот наутро по локално време и предизвикал вознемиреност кај жителите на областа, особено имајќи предвид дека Евија вчера беше погодена од серија земјотреси, од кои најсилниот бил 5,2, објавува „Прототема“.
Засега нема извештаи за повредени или материјална штета. Поради континуираната сеизмичка активност, властите одлучија да затворат неколку основни и средни училишта во областа како превентивна мерка.
Пожарникарите објавија дека се во состојба на зголемена готовност.
За потсетување, серија силни земјотреси ја погодија Грција вчера за само неколку минути, во близина на Халкида. Најсилниот земјотрес имаше јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала.
„Лустерите се нишаа, радијаторите се тресеа“, „И во Атина се почувствува добро“, „На Халкида се тресеше навистина добро“, се само дел од коментарите на грчките жители на веб-страницата на EMSC.
Првиот земјотрес се случи во 13:02 часот по локално време и беше со јачина од 5,1 степени. Вториот, исто така, се случи во 13:02 часот и беше со јачина од 5 степени.
Третиот се случи во 13:04 часот и беше со јачина од 3,6 степени. Четвртиот се случи во 13:06 часот и беше со јачина од 3,6 степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не престанува да се тресе тлото во…
Грчкиот остров Евија утрово беше погоден од…
Русија и САД поседуваат 83% од светскиот…
Девет нуклеарни сили - САД, Русија, Обединетото…
Левица очекува предвремени избори: „Имаме моќ да…
Политичката партија Левица вчера ја одржа својата…
Ја заобиколува Полска поради затегнатите односи: Зеленски…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски почнал да го…
Маж пријавил дека го нападнала вонбрачната партнерка…
На 06.06.2026 година во 13:30 часот во…