Не се работи за претседател на избирачки одбор: Уапсените во Чаир лажно се претставувале како набљудувачи на изборниот процес!
Вистинска драма попладнево се случува во Чаир на избирачко место бр. 2938, во просториите на Основното училиште „Имри Елези“.
Имено Алсат објави, а Инфомакс пренесе дека е уапсен претседател на изборниот одбор на ова избирачко место, но впрочем се работело за лица кои лажно се преставувале како набљудувачи кои наводно се дел од изборниот процес.
Oд МВР, велат дека се работи за ве лица кои седеле во дворот на училиштето и се идентификувале како набљудувачи, а одбиле да покажат соодветна идентификација.
-Поради непочитување наредба на овластени службени лица и утврдување на идентитет приведени се две лица во двор од основно училиште на подрачје на Чаир во Скопје. Станува збор за Ф.Е. (35) и Н.Е. (44). Имено, лицата не биле вклучени во изборниот процес, а се претставувале како набљудувачи на изборниот процес, биле во дворот од училиштето и одбиле да се легитимираат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не се работи за претседател на избирачки…
Вистинска драма попладнево се случува во Чаир…
Голем скок во излезноста: Еве колку наши…
До 17 часот на денешното гласање на…
Трамп: Нема да ја загрозувам Америка поради…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека решението…
Крадец влегол во аптека во Центар –…
Непознат сторител провалил во аптека во центарот…
Уапсен претседател на избирачки одбор во Чаир!
Претседадтел на избирачки одборт е уапсен денес…