Никогаш, откога не постои ЈНА, не сме имале ваков одѕив кај луѓето да ѝ се стават на располагање на татковината, вели Вучиќ

t

Во интервју за јавниот сервис РТС, српскиот претседател ја критикуваше Приштина дека не се придржува до ниту еден договор а дека САД само „го лулаат своето дете“ кое го направиле пред 23 години

Александар Вучиќ ги оправда протестите на Србите на Косово, рече дека Белград нема никаква улога во барикадите и дека нема докази дека Србите нападнале припадници на ЕУЛЕКС, повика на мир, но и кажа дека луѓето се подготвени како никогаш „да ја бранат татковината“

Заврши седницата на Советот за национална безбедност на Србија, која ја свика претседателот Александар Вучиќ. Темата беше Косово, каде што особено во последните два-три дена тензиите се претворија во инциденти кои вклучуваа и истрели од огнено оружје.

„Ова ми е најтешкиот ден откако сум претседател“, кажа Вучиќ за РТС (Радио Телевизија Србија) и дека „пред нас е тешка ноќ“.

Ракиќ: Курти праќа специјалци за да го прогони нашиот народ и да спроведува „Олуја“

Сè што предложил Вучиќ, Советот прифатил
Во интервјуто за РТС, по состанокот на Советот за безбедност, Вучиќ не беше прецизен што точно било разговарано, што било предложено и што било прифатено во врска со состојбата на Косово.

Но, објасни дека „сме притиснати до ѕид“ и дека се преземени соодветни мерки за заштита на татковината. Истакна и дека е горд на војниците и полицајците.

„Никогаш, откога не постои ЈНА, не сме имале ваков одѕив, вакво расположение меѓу луѓето, да ѝ се стават на располагање на својата татковина. Би сакал на своите војници и полицајци да има кажам дека сум горд на нив. А пред да добијат каква било наредба, освен тревоги и подигнување на борбената готовност, милион пати пред тоа ќе се обидеме да го сочуваме мирот за сите наши граѓани“,

изјави Вучиќ за РТС.
И покрај зборовите дека српските безбедносни структури се подготвени како никогаш „да ја бранат татковината“, во истото интервју Вучиќ на повеќе наврати изрази надеж дека ќе се одржи мирот.

„Се надевам дека имаме уверување од КФОР, од Европа, дека нема да преземаат насилни акции против демонстрантите. Се надеваме дека тоа така ќе пројде. Продолжуваме да разговараме со нив, тоа е наша работа. Ќе направиме сè за да се зачуваат мирот и стабилноста“,

изјави Александар Вучиќ за РТС.
Во однос на извештаите за напади на ЕУЛЕКС, Вучиќ кажа дека нема директни докази дека таков напад навистина се случил. Во тој контекст ги повика Србите да не „се чепкаат“ припадниците на КФОР и ЕУЛЕКС.

„Повикуваме на мирни разговори и невиниот човек да го пуштат на слобода“,

додаде Вучиќ во врска со апсењето на поранешниот полицаец Дејан Пантиќ.

Фото: Принтскрин, РТС

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…