Никола Груевски ја зовре атмосферата на седницата за пратенички прашања
Бурни реакции и 15 минути пауза за недолично обраќање побара пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи откако меѓусебе си и упатија навредливи зборови Миле Талески од СДСМ и министерот за правда Игор Филков. Талевски праша дали Министерството за правда поднело ново барање до Унгарија за екстрадици на поранешниот премиер и бегалец Никола Груевски, бидејќи имало индиции дека ВМРО-ДПМНЕ подготвува терен за враќање на експремиерот во државата.
Филков одговори Талевски и СДСМ да не се занимаат со шарлатанство и дека затоа се таму каде што се и народот на избори им ја испратил пораката.
-Секогаш кога ќе се создадат услови ние си ги барме сите наши граѓани. Не се занимавајте со манипулации – рече Филков.
Талевски незадоволен од одговорот побара министерот Филков писмено да му одговори.
-Министерот не одговори односно со мизерниот одговор од мизерниот министер тој потврди дека не поднел барање до Унгарија за екстрадиција на Никола Груевски.
Според Талевски, индициите дека ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за враќање на Груевски се нивните политики, одалечувањето и изолацијата на земјава од ЕУ-процесот, ставањет рака врз институциите, дека на Мицкоски политички идол му бил Груевски…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Летал“ со 137 километри на час на…
МВР информира дека вчера претпладне во 09:46…
Никола Груевски ја зовре атмосферата на седницата…
Бурни реакции и 15 минути пауза за…
Засилени вонредни инспекциски надзори по повод “BLACK…
Државниот пазарен инспекторат по повод најавените продажни…
Предупредување за поплави: Хидроаларм за истокот на…
Управата за хидрометеоролошки работи најавува врнежи од…
Струмичанец ја избодел сопругата, откако претходно не…
Вчера во струмичко село бил уапсен 48-годишен…