Николоски: Граѓаните да внимаваат, да купуваат изградени станови
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски ги предупредува граѓаните да внимаваат при купување на станови односно да купуваат станови кои се веќе изградени, со имотен лист и имаат употребна дозвола, за да не се доведат во ситуација да останат и без стан и без средства доколку инвеститорите немаат пари да го реализираат односно завршат започнатиот објект.
„Сакам да дадам едно предвидување, мислам дека не е добро, но ред е да го кажам за да внимаваат оние што инвестираат, односно купуваат. Би ги советувал да купуваат готови, односно изградени станови кои можат да ги видат, кои се пред нив физички, со важечки имотен лист, во згради кои имаат употребна дозвола затоа што има шпекулација на пазарот и ми е страв дека таа шепекулација може во еден момент да пукне, односно да ни се случи да има инвеститори кои не можат да ги износат проектите кои ги почнале. Мислам дека е фер ова да го кажам“, вели Николоски.
Според него, власта не може ништо да направи по ова прашање бидејќи, како што истакна, локацијата за градба е на инвеститорот, има соодветен ДУП, платил комуналии, гради со важечка дозвола…
Вели дека има пораст на цената на метар квадратен станбен простор во неколку урбани центри, и тоа, како што вели, се користи шпекулативно, бидејќи пазарот тоа го дозволува.
„Имено се работи за тенденција на поскапување која се случува во неколку урбани центри во државата, како урбаното јадро на Градот Скопје и на неколку други урбани јадра, пред се тука би сакал да го споменам Тетово, Штип, до некаде Струмица и Охрид во оној дел кој е повеќе поврзан со туризмот. Имаме една друга тенденција во која имотите обезвреднуваат во остатокот на државата што не носи продолжување кон лоши трендови кои траат со децени, односно се централизира државата или функционираат неколку поголеми јадра, а остатокот се празни. Имаме внатрешна миграција која оди град село и која оди од субурбани во ураби средини и факт е дека тоа се случува. Дали тоа се користи шпекулативно, да, се користи затоа што тоа пазарот го дозволува“, рече Николоски во одговор на пратеничко прашање за тоа дали се преземаат мерки за ублажување на поскапувањето на цените на станбениот квадрат.
Вели дека она што може да се преземе е да се ослободат младите од комуналии за изградба на куќи, да им се даде поевтино земјиште, нешто што веќе го прават повеќе општини, како и да се градат социјални станови за најранливите категории.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Николоски: Граѓаните да внимаваат, да купуваат изградени…
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски…
Демант од Србија: Лага е дека Македонија…
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ)…
Кумановци ќе протестираат за оданочувањето на приходите…
Неколку илјади кумановци, кои претежно работеле во…
Зеленски: Се појавија нови идеи за крај…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговарал…
Лукаревска: Владата ги намали парите за загаден…
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната…