Николоски: Со Мицкоски тон не сме си повишиле меѓу себе, а камо ли да се скараме

t

До 2032 година треба да се завршат сите проекти кои ги почнав и потоа ќе одлучам дали ќе продолжам да се занимавам со политика и ако е да каде или нема. Ако победи друга партија ќе бидам во опозиција, а ако во 2028 година повторно победиме на изори, тогаш амбицијата ми е до завршување на вториот мандат да ги завршам сите проекти, затоа што јас сум во најзрелата животна деценија, во петата деценија, мислам дека можам најмногу да дадам. Потоа ќе видиме,и семејството има барање малку да релаксирам, рече Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски во денешното гостување во емисијата Стадион на Канал77.

Во интервјуто Николоски зборуваше и за неговите почетоци во политиката, односно зошто токму ВМРО ДПМНЕ, но и за сите проекти кои во моментов ги работи, за партијата, за работата на Владата, обрзаованието, но и за моменталните светски случувања.

– Кога се запишав на Правен факултет, со цела почит кон приватните Универзитети, во државава имаше еден Правен факултет. Денес во државата имаме 30 Правни факултети. Има неколку сектори каде не можете да импровизирате, Медицински, Фармцевтски и Правен факултет не може да бидат приватни. Од таму излегуваат судии, обвинители, лекари, луѓето кои ја кројат судбината на народот. Од услови кога ние се утепувавме од учење, за веќе кога завршувавме испадна дека сме будали што сме учеле, затоа што други отидоа, платија и земаа дипломи, рече Николоски и додаде:

-Во моментов стана мода да се магистрира и докторира. Јас сум убеден дека си ги немаат прочитано магистратурите и докторатите. Да ти е срам да кажеш дека си магистер или доктор. Професорите се со повисоки плати од челновите на Владата и добро е што е така, но дали си ги оправдуваат платите, рече тој во врска со промените во обрзованието, рече тој.

Во врска со ривалитетот со Мицкоски, Николоски кажа:

-Ние сите сме блиски меѓу себе и се дружиме. Мои тешки приватни моменти најмногу сум ги поминувал со премиерот. Природно било, сме биле по цел ден заедно. Ние сме најблиски соработници и пријатели и заедно ја извадивме партијата. Тоа не се прави без огромна меѓусебна доверба . Тоа што одредени структури на претходното раководство на СДСМ и оние врзани околу оној што гради во Охрид, со години пуштат такви спинови, повеќе говори за нив, бидејќи не се точни. Многу им е криво и не можат да си простат што ние вака функционираме и ќе продолжиме така. Јас сум многу горд сум на соработката со Мицкоски, која е на врвно ниво, никогаш не била подобра. Ние тон не сме повишиле меу себе, камо ли да се скараме. Двајцата сме реализирни луѓе, рече Николоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Николоски: Со Мицкоски тон не сме си…

До 2032 година треба да се завршат…

Протест на оризопроизводителите во Чешиново-Облешево

Производителите на ориз денеска излегоа на предупредувачки…

ЦИА и МОСАД бараат „знаци“ од Моџтаба…

Централната разузнавачка агенција на САД, израелскиот Мосад…

СДСМ: Уште еден предмет за новиот обвинител…

Соопштение за јавност Антикорупцискиот тим на СДСМ…

Владата утре ќе носи вонредни мерки за…

Владата утре на вонредна седница во 12…