НИКОЈ НЕ СЕ ЧУВСТВУВА ВИНОВЕН ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО ПУЛС
Со произнесување за вина и воведни зборови на одбрната денеска продолжи главната расправа за случајот „Пулс“.
Првообвинетиот Дејан Јованов, на прашањето на судот „дали го разбирате обвинението што ви се става на товар“ одговори „знам и јасно ми е за што сум обвинет“, на прашањето дали се чувствувате виновен за кривичните дела што ви се ставаат на товар одговори „не се осеќам виновен за овие кривични дела што ми се ставаат на товар“. Неговиот син, Михаил Јованов кажа дека не се чувствува виновно на делата што му се ставаат на товар. Братот на Дејан Јованов, Тодор Јованов се изјасни дека не се чувствува виновен и истакна дека е родител на повредено дете.
Останатите обвинети се произнесоа на следниов начин:
Обвинет Митко Стојанов истакна дека не се чувствува виновен.
Обвинети Гроздан Милковски не се чувствува виновен
Обвинета Милка Едровска не се чувствува виновна
Обвинет Огњан Георгиев изрази длабоко сочувство до родителите и посака брзо оздравување на повредените. Јас не се чувствува виновен, не знам зошто сум обвинет и не знам што барам тука, јас сум пензионер и да имам некакво дело моето дело е застарено. Јас немам никаква вина и треба да сум слободен, а сум најверојатно обвинет за да бидам некако на број, да не има тука што повеќе, што мислам дека по излагањето на мојот адвокат сакам судот да го земе во обзир неговото излагање и да донесе одлука дека треба да бидам ослободен.
Обвинет Љупчо Стаменков истакна „да се поклонам пред починатите и брзо оздравување на повредените, не се чувствувам виновен, не знам зошто се води предмет против мене“.
Обвинет Николчо Гоцев не се чувствува виновен.
Обвинет Ратко Димитровски не се чувствува виновен.
Обвинет Николчо Илиев истакна „ја користам оваа прилика и покрај тоа што бев на погребот на децата, да изразам длабоко сочувство за семејствата на починатите. Не се чувствувам виновен“
Обвинет Љупчо Папазов истакна „не ги разбирам мотивите да сум во вакво конструирано обвинение, не може да се избегне селективноста во обвинението. Не се чувствувам виновен.“
Обвинет Јане Јанчевски изрази сочувство и истакна дека „овде сите заедно се надевам дека сме дојдени да ја побараме правдата, да не се осудуваме пред време, не се чувствувам виновен, го разбирам обвинението“
Обвинет Лазар Захариев не се чувствува виновен
Обвинет Ивица Грозданов не се чувствува виновен, „бев затекнат во објектот, три и пол часа помагав, направив се што можам“.
Обвинет Мартин Георгиев не се чувствува виновен и изрази сочувство до семејствата. „Ние го ризикувавме нашиот живот да спасиме што е можно повеќе луѓе“
Обвинет Стојанчо Димитриев не се чувствува виновен, додаде „чувствувам голема болка и тага, ми загинаа другари како браќа, пријатели и роднини, направив се што можев, криво ми е што не успеав да спасам што е можно повеќе животи, ризикувајќи го и својот живот“
Обвинет Шабан Салиу не се чувствува виновен, додава дека обвинението е политички мотивирано.
Обвинет Аднан Џаферовски не се чувствува виновен.
Обвинет Беким Максути не се чувствува виновен, упати сочувство до семејствата на загинатите. „Во ова обвинение нема никакви директни дејствија кои јас сум ги презел и се поврзуваат со настанот“, додаде Максути.
Обвинет Џеват Селмани не се чувствува виновен.
Обвинет Љупчо Грнчиштанов не се чувствува виновен.
Обвинет Ваљон Сараќини не се чувствува виновен.
Обвинет Крешник Бектеши не се чувствува виновен, изрази сочувство до семејствата.
Обвинет Џеваир Камбери не се чувствува виновен.
Обвинет Шофкет Хазари не се чувствува виновен
Обвинет Зоран Николовски не се чувствува виновен, додаде „ниту во сон не сум можел да помислам да се случи нешто вакво, 13 години веќе не работам во Министерството“.
Обвинет Беким Хаџиу не се чувствува виновен.
Обвинета Арлинда Касапи не се чувствува виновна.
Обвинет Миле Ампов не се чувствува виновен.
Обвинета Блашка Ефтимова не се чувствува виновна.
Обвинета Весна Кузмановска не се чувствува виновна, низ солзи изрази сочувство и истакна дека болката е голема, има повредени и загинати другари на нејзините деца.
Обвинет Емил Митев не се чувствува виновен.
Обвинета Размена Чекиќ Дуровиќ не се чувствува виновна.
Обвинет Александар Нацев не се чувствува виновен.
Правните лица ММММ КАФЕ ДООЕЛ, РУБИКОН СЕКЈУРИТИ и ВЕНЦИ ПРОЕКТ истакнаа дека не го признаваат обвинението.
Забележлив беше намалениот интерес на јавноста, особено на медиумите. За разлика од првото рочиште денеска присутни беа само десетина медиуми и семејствата на загинатите и претставници на ОБСЕ.
На обвинителна клупа седнаа 37 обвинети – 34 физички и три правни лица, меѓу кои сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедување и државни службеници. Тие се товарат за тешки дела против општата сигурност поради пропусти што директно довеле до трагедијата.
Паралелно со главниот процес, тече и посебна постапка против полициски службеници за давање лажни уверувања и дозволување на работа на дискотеката без исполнети минимално-технички и безбедносни услови. Изминатата недела Обвинителството отвори постапка и против група вработени во УЈП осомничени за мито и злоупотреби поврзани со истиот случај.
Процесот го води судечки совет чиј претседател е судијката Диана Груевска Илиевска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НИКОЈ НЕ СЕ ЧУВСТВУВА ВИНОВЕН ЗА ТРАГЕДИЈАТА…
Со произнесување за вина и воведни зборови…
Дејан Јованов – Деко и неговиот син…
Со произнесување за вина и воведни зборови…
13 телефони и лаптоп пронајдени во притворската…
Денеска започна третото рочиште за случајот „ПУЛС“,…
Семејствата на загинатите во Кочани чекаат обвинителен…
До кога ќе се одложува правдата, до…
Страотни фотографии – Нов голем одрон на…
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување…