Ниту еден обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани, тврди ОЈО

Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани поради наводни притисоци и несогласувања со правната квалификација, тврдат од Јавното обвинителство откако Демократската унија за интеграции излезе со информација дека еден јавен обвинител кој бил дел од предметот се повлекол поради несогласувањата околу квалификација на делото, трпејќи политички притисоци од страна на партии во Владата.
Од Обвинителството потенцираат дека не се повлекол обвинител ниту од Јавното обвинителство, ниту од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција чие одделение ги истражува полицајците осомничени за трагедијата во Кочани.
Всушност оттаму велат дека само еден обвинител од ОЈОГОКК постапува за кочанската трагедија.
ДУИ утрово реагираше на одлуката речиси сите приведени да бидат пуштени, освен поранешниот министер за економија Крешник Бектеши од редовите на ДУИ кој и понатаму останува во притвор.
Според партијата, не се работи за индивидуален случај, туку за опасен модел на селективна правда, која станува алатка за политички притисок и елиминација.
Поради тоа, од ДУИ бараат Обвинителството да одговори на три прашања поврзани со случувањата и истрагата за Кочани.
-Дали е вистина дека обвинител се повлекол поради политички водена истрага? Ќе дозволи ли Обвинителството да стане инструмент за политичка одмазда кон опозицијата? Кои се критериумите според кои едни се пуштени, а други остануваат во притвор без доволно докази и со нејасна истрага? – прашуваат до партијата.
Откако се прошири истрагата на уште седуммина полицајци за несреќата во кочанската дискотека, со што вкупниот број на осомничени полициски службеници се искачи на 14, Обвинителството побара на сите да им бидат определени мерки за претпазливост, со што беа укинати и притворите на полицајците осомничени во претходната истрага.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…