Ниту една погребна кола не се согласува да го однесе телото на Навални за да го погребаат
Oбидите да се ангажира погребно возило за да се однесе телото на Алексеј Навални за да биде погребан спречено е од непознати лица, соопшти тимот на починатиот руски опозициски лидер.
Портпаролката Кира Јармиш тврди дека возачите биле „повикани од непознати луѓе кои им се заканувале дека не смеат да го носат телото на Алексеј Никаде“.Јармиш рече дека и било кажано дека „ниту една погребна кола не се согласува да го однесе телото на гробишта“.
Тимот на Навални, исто така, наиде на потешкотии да ангажира место за неговиот погреб, кој ќе се одржи во 14 часот по локално време. Вчера тимот првично планираше јавно збогување и погреб за починатиот руски опозициски лидер но не им беше овозможено.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…