Ништо од Тајван: Ненси Пелоси нема да го посети островот
Спикерката на претставничкиот дом на САД, Ненси Пелос пред малку се огласи на Твитер.
-Водам делегација на Конгресот во Индо-Пацификот за да ја потврдам непоколебливата посветеност на Америка кон нашите сојузници и пријатели во регионот. Во Сингапур, Малезија, Јужна Кореја и Јапонија, ќе одржиме состаноци на високо ниво за да разговараме за тоа како можеме да ги унапредиме нашите заеднички интереси и вредности.
I'm leading a Congressional delegation to the Indo-Pacific to reaffirm America’s unshakeable commitment to our allies & friends in the region. In Singapore, Malaysia, South Korea & Japan, we’ll hold high-level meetings to discuss how we can further our shared interests & values.
— Nancy Pelosi (@SpeakerPelosi) July 31, 2022
Имено во својата објава на Твитер таа никаде не го споменува Тајван.
Иако претходно се говореше за посета на Пелоси на островот кој Кина го смета за дел од својата територија по низата закани и предупредувања се чини американката се откажа од посетата.
Кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонски разговор со Џо Бајден пред посетата на Пелоси му порача САД да не си игра со оган бидејќи кој си игра со оган ќе се изгори.
Веднаш потоа во кинеските медиуми се појавија шпекулации дека авионот на Пелоси може да биде соборен за потоа на официјалниот профил на кинеската армија на Веибо да се појави порака во која и се порачува на армијата да се подготви за војна.
Во целиот период додека трае посетата на Пелоси кинеската армија спроведува воени вежби во тајванскиот теснец кој е затворен за авиони и бродови од кинеска страна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…