Нова група од 153 македонски граѓани полетуваат од Ријад
Нова група македонски граѓани, кои побарале евакуација од Блискиот Исток, денеска треба да пристигнат во земјава со специјален лет организиран од Владата.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека станува збор за вкупно 153 патници – 96 од Катар, 33 од Кувајт, 15 од Бахреин и деветмина од Саудиска Арабија. Тие ќе полетаат од аеродромот „Кинг Калид“ во Ријад, ќе слетаат во Приштина, по што ќе им биде обезбеден организиран превоз до Скопје.
Владата ги покрива сите трошоци поврзани со организацијата на летовите. Претходно беше соопштено дека за македонските државјани е обезбеден автобуски превоз од Кувајт, Катар и од Бахреин до аеродромот во Ријад.
Вчера, пак, со лет од Дубаи беа евакуирани 150 луѓе, од кои 125 се македонски државјани. Меѓу патниците имало и 11 државјани на Косово, седуммина од Србија, по двајца од Босна и Херцеговина и од Албанија, како и по еден државјанин на Германија, Ерменија и на Црна Гора.
— Безбедно е евакуирана втората група македонски државјани од Обединетите Арапски Емирати, кои со специјално организиран лет полетаа од Дубаи и ја напуштија територијата на ОАЕ. Станува збор за 150 патници, најголемиот дел македонски државјани, кои успешно се вратија во земјата. Евакуацијата беше спроведена според претходно утврден план и во координација со надлежните институции, а организацијата на летот ја водеше Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Трошоците за овој и за другите летови се целосно покриени од државата — изјави вчера министерот Тимчо Муцунски.
Претходно, со лет на „Флај Дубаи“ беа евакуирани уште 151 патник од Обединетите Арапски Емирати. Најголемиот дел од нив биле македонски државјани, а меѓу патниците имало и по еден државјанин на Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија, двајца од Косово, како и четворица со холандско државјанство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нова група од 153 македонски граѓани полетуваат…
Нова група македонски граѓани, кои побарале евакуација…
Погодена американската амбасада во Ријад, нови израелски…
Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Ријад…
Бугарски државјанки осомничени за кражба на банкарски…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) Ковачевски: На изборите ќе се има…
На изборите во 2024 година ќе имаме…
(Видео) Путин пристигна во Саудиска Арабија
На рускиот претседател му беше приреден кралски…