Објавено на:

Нова трагедија во Србија: Полициски службеник убил 35-годишен човек

t

Припадници на српското МВР интензивно трагаат по И.А.(1995) од Прибој, Србија, полициски службеник, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело убиство, се вели во соопштението на МВР.

Осомничениот, кој не бил на должност, се товари дека околу полноќ во ресторан во Прибој му задал неколку удари на триесет и петгодишен маж кој паднал и, како што се сомнева, удрил со главата во шанкот.

Од здобиените повреди 35-годишникот починал во болница во Прибој, пренесува српски Курир.

Осомничениот побегнал од местото и по него е започната потрага.

Полициски службеници привеле две лица на информативен разговор поради сомнение дека по извршувањето на кривичното дело му помагале на И.А.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија и Египет потпишаа Договор за слободна…

Во присуство на српскиот претседател Александар Вучиќ…

Земјотрес со јачина од 3.8 степени ја…

Земјотрес со јачина од 3.8 степени пред…

Србија планира изградба и модернизација на 2.000…

Јелена Танасковиќ, в.д генерален директор на железничката…

Курти бара меѓународната заедница да ја притисне…

Меѓународната заедница да изврши притисок врз Србија…

Вулин го демантира О’Брајан: Не извезуваме оружје…

Потпретседателот на Владата на Република Србија, Александар…