Новинарка ја ограбиле во Катар, па полицијата ја прашала каква казна сака за крадецот
Аргентинската новинарка Доминик Мецгер била ограбена додека известувала во живо од Миндијалот во Катар. Нејзе и бил украден новчаник во кој имало документи, картички и пари.
Таа го пријавила случајот во полиција, и било кажано дека на многу локации има камери со висока резолуција, па крадецот ќе биде фатен и работите ќе и бидат вратени.
Но таа се изненадила кога полицијата ја запрашала каква казна сака да му биде изречена на крадецот. Во прв момент мислела дека се работи за грешка во преводот, но Катарците во вториот обид биле појасни.
Ме прашаа дали сакам сторителот да биде осуден на 5 години затвор, или пак сакам да биде депортиран…. Инсистираа да кажам каква сакам да биде казната, јас да одлучам. Но не, им кажав дека сакам само да ми се вратат работите. Не сакам правдата да биде во мои раце. Ми се наежи кожата, раскажува Доминик Мецгер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е малолетната Југословенка која родителите ја…
Во полицискиот извештај, кој сега е декласифициран,…
(Фото) Злоупотреба на службени возила во Гевгелија
Кога со пренамена на средства од буџетот…
Исчезнала среде бел ден во населено место,…
Повеќе од една година семејството Јанкови живее…
„Човештвото се соочува со огромна катастрофа“ –…
Северна Кореја предупреди дека Јапонија наводно се…
Еве зошто филмовите од 90-тите се подобри…
Додека модерната кинематографија сè повеќе се потпира…