Новиот црногорски претседател ќе ги нормализира односите со Србија
Црногорскиот претседател, Јаков Милатовиќ, изјави дека фокусот на неговата претстојна посета на Белград ќе биде целосното нормализирање на односите со Србија како важен економски партнер.
Во изјава за РТЦГ, Милатовиќ потсети дека ќе се сретне со српскиот претседател, Александар Вучиќ и најави дека ќе го покани да ја посети Црна Гора.
Тој посочи дека најважен сегмент од посетата ќе биде обновувањето на дипломатските односи на ниво на амбасадори, бидејќи ниту Србија има амбасадор во Подгорица, ниту Црна Гора амбасадор во Белград.
-Акцентот ќе биде ставен и на други теми – економска соработка, заеднички инфраструктурни проекти, заеднички пат кон Европската унија, но предуслов е темата за амбасадорите – изјави Милатовиќ.
Тој најави и дека ќе положи венец на Споменикот на непознатиот херој во Авала.
-На овој начин ќе и оддадам почит на заедничката историска борба на Србија и Црна Гора. Граѓаните на Србија и помогнаа на Црна Гора, па на тој начин ќе ја заокружиме посетата – заклучи Милатовиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Студентите од Правниот факултет ѝ пееја на…
Студентите на белградскиот Правен факултет денеска организираа…
Таксист влетал во ученици на блокадата во…
За време на денешната акција „Застани, Србија“…
Блокади ширум Србија и денеска – Студентите…
Студентите ширум Србија денеска во 11:52 часот…
Вучиќ за опозицијата: „Магариња и политички педофили“
Српскиот претседател Александар Вучиќ упати нови навредливи…
(Фото) На вчерашниот протест во Белград имало…
Врз основа на достапните снимки и фотографии,…