Нови преговори Русија-Украина во Абу Даби, Зеленски категоричен: Нема територијални отстапки!
Русија и Украина се подготвуваат за втора рунда разговори во Абу Даби, овој пат без учество на САД. Главното спорно прашање останува територијата, иако страните велат дека на дневен ред се и други безбедносни прашања. Составот на делегациите – во кои доминираат воени претставници – сугерира дека разговорите ќе се фокусираат првенствено на воени прашања.
Игор Костјуков, началникот на Генералштабот на Руската Федерација, кој ја предводи руската делегација, рече дека руските претставници „секогаш се подготвени“ за преговори, додавајќи дека расположението на украинската страна е „мрачно“. Помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков рече дека територијалното прашање е клучно, но не и единствено. Сличен став изрази и претставникот на САД во НАТО, Метју Витакер, кој ја нарече територијата најтешкиот аспект од преговорите.
Пред новата рунда разговори, украинскиот претседател Володимир Зеленски повтори дека Киев нема да се согласи на територијални отстапки, на што Кремљ одговори дека „динамиката на фронтот зборува сама за себе“. Вториот круг разговори е планиран во билатерален формат и се очекува да се одржи денес во Абу Даби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови преговори Русија-Украина во Абу Даби, Зеленски…
Русија и Украина се подготвуваат за втора…
Масовен колапс на електричната мрежа и недостиг…
Украинската електрична мрежа доживува масовни прекини во…
Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин…
Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин,…
Трамп: Виткоф има добри вести, ќе постигнеме…
Специјалниот пратеник Стив Виткоф има добри вести…
Русија и Украина разменија тела на загинати…
Како дел од мерките за репатријација, Русија…