Нови 90,6 милиони денари за втора фаза од катна гаража во Велес

t

Втората фаза од изведбата на објектот на катна гаража и уредување на просторот над скривницата во Велес повторно ја доби истата компанија ДЕЛТА-ПРОМ ДООЕЛ, која го доби и тендерот за првата фаза.

На веб-страницата за јавни набавки денес е објавен договорот во вредност од 90,6 милиони денари или нешто помалку од милион и пол илјади евра.

И овој, како и претходниот договор, ДЕЛТА ПРОМ го добива заедно со СТЕНТОН ГРАДБА и ЕВРО-ИНЖЕНЕРИНГ.

Условите за учество се следните:

– Извод од целокупниот приход на претпријатието (податок од билансот на успех издаден од надлежен орган, односно ревидиран биланс на успех) и, онаму каде што се бара, изјава за приходот во областа која се покрива со договорот за јавна набавка, и тоа најмногу за последните три финансиски години за кои се расположливи ваквите информации во зависност од датумот на кој претпријатието е основано или започнало со работа и во зависност од достапноста на таквите информации

: Да има минимален вкупен обрт на средства (вкупен годишен приход) од 120.000.000,00 (сто и дваесет милиони) денари, за секоја година поединечно, за последните три години IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор

– со опис на техничкиот персонал и техничките органи кои ќе учествуваат во извршувањето на јавната набавка, особено на оние кои се одговорни за контролата на квалитетот, а во случај на јавна набавка на работи, оние што ќе бидат вклучени во изведување на работите, без оглед на тоа дали се вработени во економскиот оператор или не

: Минимум 80 вработени

– со изјава за инструментите, постројките или техничката опрема, која давателот на услугите или изведувачот на работите ја има на располагање за извршување на договорот

: Понудувачот треба да ја има во сопственост или да располага со следнава техничка опрема за цело времетраење на договорот: – 2 камиони кипери – 2 багери над 15т – 1 булдужер – 1 ваљак над 15т

– со листа на работи, со приложување потврда за задоволителна изведба на најважните работи. Со цел да се обезбеди соодветно ниво на конкуренција, договорниот орган може, доколку е тоа неопходно, да ги земе предвид доказите за изведени работи пред повеќе од пет години, што го наведува во тендерската документација

: Минимум 3 склучени и завршени договори на исти или слични работи во последните 5 години за изградба на објект со поединечна вредност не помала од 30.000.000,00 денари без ДДВ, од кои барем 1 од договорите да се однесува на јавен објект со сите фази (доказ – потврда за квалитетно и навремено завршување на работите за секој договор поединечно)

Договорот за првата фаза беше во вредност од 132 милиони денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 90,6 милиони денари за втора фаза…

Втората фаза од изведбата на објектот на…

Вчера шест обиди за измами со лажни…

На 17.02.2026 во СВР Велес биле пријавени…

Фирма од Велес оштетена за над 21.000…

На 3 февруари 2026 година, во 07:15…

Велешанец ја горел сопругата со цигари, го…

Полицијата информира за уште еден вознемирувачки случај…

МВР го поништи конкурсот за испитен центар…

Министерството за внатрешни работи го поништи јавниот…