Ново задолжување од 20 милиони евра
Македонија ќе се задолжи кај Европската банка за обнова и развој за 20,9 милиони евра, а парите треба да се користат за финансирање на проектот „Обновување на товарниот возен парк“ на Железници Транспорт, или попрецизно за набавка на електрични локомотиви.
Одлуката уште на 8 јули 2025 година била усвоена од Владата, која ги задолжила Железници Транспорт и Министерството за финансии во соработка со Министерството за транспорт да достават барање до Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за финансирање на проектот со заем во износ од 20,9 милиони евра, како и грант средства за подготовка и реализација на истиот. ЕБОРсо допис од 15.8.2025 година одговорила позитивно по барањето.
– Главната цел на проектот е да се зголеми бројот на локомотиви што се на располагање за давање на услуга за транспорт, а со тоа да се зголеми можноста за транспорт на стоки и генерирање приходи на Железници Транспорт АД – Скопје. Врз основа на анализа спроведена од независен консултант ангажиран од ЕБОР, препорачано е да се спроведе набавка на најмногу до пет електрични локомотиви.
Новите локомотиви ќе бидат произведени со високо техничко ниво и се предвидува обука на возниот персонал и поддршка при пуштањето во употреба на возилата и при преземањето на почетниот период на одржување – се посочува во законското решени за задолжување доставено во Собранието.
Со набавката треба да се вклучат сите потребни специјални алатки, резервни делови за да се овозможи воспоставување режим на одржување за размена на компонентите на возилата. Дополнително, проектот вклучува и набавка на систем за планирање на ресурси на претпријатието (ERP) што ќе овозможи подобрување на оперативната ефикасност на Железници.
Проектот ќе го имплементира Министерството за транспорт, а краен корисник ќе биде Железници Транспорт АД – Скопје.
Договорот за заем ќе се склучи помеѓу Европската банка за обнова и развој и Република Северна Македонија, претставувана од Министерството за финансии. Предуслов за склучување наДоговор за заем е усвојување на Законот за задолжување од Собранието и негово објавување во Службен весник.
– Целта на проектот е набавка на најмногу до пет електрични локомотиви, резервни делови за истите и ERP систем. Основно начело на кое се заснова овој предлог на закон е обезбедување на финансиски средства за да се овозможи реализација на проектот „Обновување на товарниот возен парк“ на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД – Скопје– се посочува во законското решение.
Инаку заемот ќе биде доделен на Република Македонија со рокот на отплата од 15 години, со вклучен грејс период од 4 години, а каматната стапка е варијабилна и се состои од шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за маргина од 1 отсто.
– Заемот ќе се отплаќа во 22 полугодишни рати кои пристигнуваат за плаќање на 20 јануари и 20 јули секоја година. Македонија ќе ѝ плати на Европската банка за обнова и развој еднократна провизија во висина од 1 процент од износот на заемот во рок од седум дена од денот на стапувањето во сила на Договорот за заем.
Македонија ќе ѝ плаќа на Европската банка за обнова и развој провизија за неповлечени средства во висина од 0,5 проценти од заемот на годишно ниво. Провизијата за неповлечени средства ќе започне да се пресметува по 60 дена од денот на потпишувањето на Договорот за заем – се прецизира во Законот испратен до пратениците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ново задолжување од 20 милиони евра
Македонија ќе се задолжи кај Европската банка…
(Видео) Дедо Мразовци и џуџиња ограбиле продавница…
Невообичаена сцена се одвиваше во еден супермаркет…
Снежна покривка до 10 см и поројни…
Под влијание на влажни воздушни бранови, од…
Спиропали во Скопје, на средба со Муцунски:…
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски ја…
Зеленски: Подготвени се клучните документи за безбедносни…
Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, соопшти дека…