Објавено на:

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

t

Нов земјотрес беше регистриран во Јапонија, овој пат со магнитуда од 6,2 степени на островот Хокаидо, објави Германскиот истражувачки центар за геонауки, пренесе Би-би-си.

Епицентарот е регистриран на длабочина од околу 80 километри, а во првите часови по потресот не се пријавени жртви или материјална штета.

Хокаидо е најсеверниот остров во Јапонија и втор по големина. Не е издадено предупредување за цунами, а епицентарот се случил во регион кој не е пренаселен, 200 километри источно од Сапоро. Беше нагласено дека во областите каде што се случиле посилни тресења на земјиштето, ризикот од одрони на карпи и лизгање на земјиштето е зголемен.

Јапонија деновиве е актуелна со потресите. Претходната недела североисточната обала ја погоди земјотрес со јачина од 7,7 степени, предизвикувајќи наредба за евакуација и предупредувања за цунами бранови, кои достигнаа висина од 80 сантиметри.

Јапонските власти за следниов период веќе предупредија за зголемен ризик од „голем земјотрес кои ќе предизвика уште посилно тресење“, со што би се создале и поголеми бранови.

Властите соопштија дека ризикот од земјотрес со јачина од 8,0 степени или повеќе е „релативно поголем од вообичаеното“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди…

Нов земјотрес беше регистриран во Јапонија, овој…

Предупредување – можен е мега потрес во…

Јапонските власти ги предупредија северните крајбрежни области…

(Видео) Силен земјотрес од 7,4 степени ја…

Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени…

Германија се залага за нов договор за…

Германија се стреми да ги продлабочи одбранбените…

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Грција…

Денеска западниот дел на Грција беше погоден…