Нов инцидент во Скопје: Дете се заканувало дека ќе донесе пиштол и ќе ги убие соучениците!

t

Во редакцијата на Инфомакс пристигна писмо од загрижен родител чие дете учи во основно училиште во една скопска општина.

Писмото ви го пренесуваме во целост.

На 16.1.2.2021 година во текот на училишниот ден, едно дете физички нападнало друго дете. Иако според кажувањето на родителот во многу наврати реагирано кај наставничките дека тоа дете ги малтретира останатите, ништо не е преземено.

На родителската пред тепачката, од родител е реагирано токму за тоа дете, дека не треба да се игнорира, туку да се реагира пред да се случи нешто пострашно. И така и се случило. По тепачката детето што тепало, избегало од школскиот двор, уплашено дека ќе го караат, тргнало накај дома.

Кога родителот, татко на тепачот, го видел детето како само доаѓа, а треба да е на час, се упатил кон училиштето и физички ја нападнал наставничката. Настанот е криен од родителит кои пак дознаваат од своите деца што се случило.

Целиот случај е пријавен во полиција, како што вели загрижениот родител, родителите на нападнатато дете, приватно реагирале и случајот сега е на суд.

По вонредната родителска, наставничките соопштуваат дека детето тепач е дете со посебни потреби, но за тоа се уште нема никаков официјален документ. Истото тоа дете, во неколку наврати се заканува на останатите деца дека ќе ги убие со пиштол, дека мајка му работи во полиција= и ќе дојде полиција и ќе ги земе децата.

До ден денес, вели родителот кој ни се обрати, иако продолжуваат заканите со оружје ништо посебно не е превземено во врскасо овој случај. Од друга страна пријавен е во сите институции, а тоа може да се види бидејќи и инспекции дошле во училиштето.

И денес кога во нашето соседство имаме случај каде малолетник уби свои соученици, ние имаме веќе дете кое се заканува, а никој ништо не сторил во врска со тоа. Напротив, според родителот кој ни пиша, наставничките им велат на децата да вратат со иста мера.

Исто така родителот кој ни пиша, прашува дали ќе чекаме да ни се случи Србија пред нашите институции да реагираат?

Дали Тик Ток е виновен или системот кој наместо да се унапредува, се разрушува? Ниту едно дете не е должно да трпи насилство, а децата кои се насилни, треба да се згрижат и да се најде коренот на нивното однесување бидејќи и тие се сепак деца. Да не чекаме да ни се случи трагедија, туку да превенираме и да ги направиме училиштата повторно воспитно-образовни институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

20-годишниот Томас Метју Крук е атентаторот на…

Федералната полиција, по деталните проверки, го објави…

Камала Харис, Обама, Буш, Моди, Трудо: Светските…

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, беше…

Неколку часа по атентатот, Трамп ја продолжи…

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, беше…

Бајден веднаш разговараше со Трамп по обидот…

Американскиот претседател Џо Бајден во саботата вечерта…

Денеска се празнуваат Светите маченици Козма и…

Лекари, бесребреници и чудотворци. Овие двајца светители…