Нов инцидент со „Боинг“ – Авионот итно е вратен во Њујорк – тобоганот за излез се одвоил од авионот во лет!
Од авионот на „Делта ерлајнс“ се „одвои“ тобоганот за излезот за итни случаи, поради што авионот на американската авиокомпанија итно се врати на меѓународниот аеродром „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк.
Летот 520 за Лос Анџелес утрово полета од Њујорк, јави Си-Би-Ес.
Боингот 767 безбедно се вратил околу 8:35 часот по локално време, откако екипажот забележал показно светло кое укажува на излезот за итни случаи на десното крило и слушнал звук од близина на десното крило, соопшти „Делта ерлајнс“.
Авионот сега е надвор од употреба и се проценува дефектот.
Во Боингот 767 имало 176 патници и седум членови на екипажот.
Патниците го продолжиле патувањето со друг авион.
Ова е последниот во серијата неодамнешни инциденти на Боинг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гувернерката на Њујорк по зачестените појави на…
Поради зачестена појава на неидентификувани летала синоќа…
Ревизија на Фрчкоски му прави, или на…
Колку чини ревизијата на работата на поранешниот…
(Видео) Авион се урна на автопат во…
Најмалку едно лице загина откако мал авион…
Маск сака да го купи „Боинг“?
Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, го…
„Боинг“ ќе отпушти десет проценти од работниците
Американскиот производител на авиони Боинг најави укинување…