Нов пад на цените на нафтата на светските берзи

t

Цените на нафтата денеска паднаа под нивото од 106 долари на меѓународните пазари, бидејќи фокусот повторно е ставен на знаците за слабеење на побарувачката поради напорите на централните банки да ја ограничат инфлацијата со повисоки трошоци за задолжување.

На лондонскиот пазар цената на барелот за испорака во септември попладне беше пониска за 1,68 долари во однос на вчерашното затворање и изнесуваше 105,67 долари.

На американскиот пазар барелот за испорака во август се тргува по пониска цена за 1,82 долари, односно за 102,40 долари. Повеќе се тргуваше со барели за испорака во септември со пад од 1,79 долари на 98,94 долари.

Во меѓувреме, Либија го отвори пристаништето Ес Сидер за извоз на нафта, се вели во денешното соопштение за медиуми на Министерството за нафта.

Во посебен извештај, Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) денеска соопшти дека барел од нафтената кошница на нејзините членки во вторникот изнесувал 110,27 долари, што значи дека поскапела за 1,51 долар во однос на претходниот работен ден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Расте цената на нафтата, се намалува цената…

Природниот гас во Европа утрово падна за…

Русија веќе нема да истражува нафта кај…

Руската компанија „Новатек“ планира да се повлече…

Падна цената на нафтата на светските берзи:…

Цените на нафтата од утрово паѓаат. На…

Нов пад на цените на нафтата на…

Цените на нафтата паднаа денеска на меѓународните…

Цената на нафтата падна под 100 долари…

Цените на нафтата благо пораснаа во средата…