Нов скандал во македонското здравство: Која е причината за смрта на 60 годишниот маж во тетовската болница?

t

Семејство обвинува дека нивен член вчера починал во ходникот на тетовската болница чекајќи да дојде лекар.

Локалните медиуми пренесуваат дека станува збор за шеесет годишен маж од село Пирок кого роднините го донеле во болницата околу 19 часот. Едниот од нив раскажува дека цел час барале помош од персоналот но, како што тврди, никој не излегол навреме да го згрижи пациентот кој во меѓувреме паднал во кома.

„Доле чекавме еден час, побаравме помош, никој не излезе да ни помогне. Членот на семејството пред еден час падна во кома, чекавме долу, ниту еден лекар не излезе да ни помогне, по некое време тој почина поради доцнењето на лекарите од над половина час.“- Роднина на починат пациент

Став од директорот на болницата Плумб Вела се уште нема. Во кус телефонски разговор ЗА КАНАЛ 5 непосредно пред емитување на прилогот рече дека се прегледуваат безбедносните камери и дека потоа ќе испрати писмено соопштение. Претходно за МИА изјавил дека дека ако треба ќе се формира посебна комисија за да се утврди дали имало лекарски пропусти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…

(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава

Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…

„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…

Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…

Андонов за Мицкоски: Можеби и затоа не…

Што мислите го познава ли Мицкоски поранешниот…

Ама премирот наш најави бум: Светска банка…

Глобалната економија ќе ја доживее најбавната деценија…