Норвешка ги подготвува граѓаните за војна: Илјадници луѓе добија писма за можна конфискација на имот!
Норвешките власти испратија илјадници писма до граѓаните предупредувајќи ги дека во случај на војна со Русија, војската може да побара и заплени нивен приватен имот, вклучувајќи куќи и возила, објави Телеграф.
Политиката за реквизиција опфаќа возила, пловила, машини и недвижен имот. Во понеделник беа издадени околу 13.500 таканаречени „подготвителни реквизиции“ со рок на важење од една година.
„Реквизициите имаат за цел да обезбедат во воена ситуација вооружените сили да имаат пристап до ресурсите потребни за одбрана на земјата“, се наведува во соопштението на норвешката армија.
За повеќето приматели на писмото, ова не е изненадување, бидејќи во две третини од случаите станува збор за обновување на претходните известувања за реквизиција.
Најсериозната ситуација по Втората светска војна
Андерс Јернберг, раководител на организацијата за воена логистика, истакна дека важноста на подготвеноста драстично се зголемила.
„Важноста на подготвеноста за кризи и војна драматично се зголемила во последните години. Норвешка е во најсериозна безбедносно-политичка ситуација по Втората светска војна. Нашето општество мора да биде подготвено за безбедносно-политички кризи и, во најлош случај, војна… Преземаме големо зајакнување на воената и цивилната подготвеност“, рече Јернберг.
Норвешка има клучна улога во надзорот на НАТО врз арктичкиот регион, каде што топењето на мразот создава трка за контрола на нови морски патишта и ресурси. Оваа скандинавска земја на далечниот север дели морска и копнена граница со Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Норвешка ги подготвува граѓаните за војна: Илјадници…
Норвешките власти испратија илјадници писма до граѓаните…
(Видео) Еве како изгледаше денешниот протест предцементарница…
Под мотото „Дојди на блокада против труењето…
Шилегов: Филипче наскоро ќе загуби половина пратеничка…
Поранешниот градоначалник на Скопје и истакнат член…
(Видео) Ние не сме ни во периметарот!Трамп…
Белата куќа го објави списокот на членови…
Синдикатите се подготвуваат за протест: Бараат минимална…
Синдикатите го загубија трпението и најавија протест…