НСДП го прифаќа францускиот предлог, велат студиозно и аналитично го разгледале

t

Имајќи го во предвид политичкиот моментум во кој се наоѓа Република Cеверна Македонија, исправена пред стратешки предизвици од кои зависи иднината и правецот во кој ќе се движи државата, Извршниот одбор на НСДП ставајќи го државниот интерес во преден план, одлучи да го прифати компромисниот „Предлог на Француското претседателство“ за решавање на спорот со Република Бугарија и отпочнување на преговорите со Европската Унија, се вели во соопштението на партијата.

Овој компромисен предлог е во рамките на Договорот за пријателство, добрососедство, и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија од август 2017 година и Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции од јули 2021 година. Со овој предлог македонскиот јазик како најбитен идентитетски белег станува рамноправен јазик во Европската Унија и целокупната правна документација на Европската Унија ќе биде преведена на кодифицираниот македонски јазик, a македонскиот јазик ќе биде еден од службените јазици на Европската Унија, велат од НСДП.

НСДП, додаваат оттаму, при градењето на ставот особено го почитуваше ставот на научната и
стручна јавност, како на Советот за македонски јазик (СМЈ), кој го донел следниот заклучок: „Точките поврзани со статусот на македонскиот јазик покажуваат дека самостојноста и оригиналноста на македонскиот јазик се испочитувани и дека македонскиот јазик станува еден од официјалните јазици во Европската Унија.“.

Утврдувањето на конечниот став по финалниот „Француски предлог“ за решавање на спорот со Република Бугарија, НСДП студиозно и аналитично го разгледа и донесе одлука во интерес на иднината, во интерес на демократскиот и економски развој на државата, во интерес на меѓународното етаблирање и геостратешко позиционирање на државата. Затоа повторно ги повикуваме на државничко однсување сите политички и општествени чинители кои треба да се изјаснат по овој предлог, велат од НСДП.

НСДП бара Владата „храбро да истапи и да го прифати Предлогот на Француското претседателство со Европската Унија и истиот да го достави на разгледување во Собранието заради негово потврдување и донесување на обврзувачки заклучоци за неговата имплементација која мора да биде во рамките на Резолуцијата донесена во јули 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СВР Куманово изрече над 100 санкции за…

Денеска (14.08.2022) во времето од 14 –…

Василев ја пушти Украина низ вода: Ако…

Ако Гаспром може да испорача евтин гас…

Голем напредок на фронтот: Русите ја пробија…

Силите на Народната милиција на ДНР, со…

Се огласи српскиот амбасадор во Бугарија: Еве…

Амбасадорот на Србија во Бугарија Жељко Јовиќ…

Тетово “лета”: Изречени 149 санкции за брзо…

Полициски службеници на СВР Тетово денеска (14…