Нуредини најави затворање на термоелектраните до 2030 година

Затворање на термоелектраните на јаглен најдоцна до 2030 година и поголеми вложувања во обновливи извори на енергија со цел подобрување на амбиенталниот воздух најави денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.
Тоа, според него, заедно со промена на начинот на греење во домовите ќе придонесе за намалување на загадувањето на воздухот и подобрување на здравјето на граѓаните.
-Уште откако станав министер за животна средина зборуваме за менување на начинот на греење и производство на енергија во нашата држава. Сите сме свесни дека 65 отсто од енергијата се произведува од јаглен во РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј. Затоа целата наша Стратегија за енергетика е да го менуваме тоа и да инвестираме во обновливи извори на енергија. Тоа значи дека ги поддржуваме не само нашите инвестиции како ЕСМ во соларни панели во Осломеј и во Битола, туку и да ги затвориме РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј најкасно до 2030 година, рече Нуредини на денешната средба со новинарите.
Идеја ни е, посочи, да имаме повеќе обновливи извори на енергија и да вложуваме во соларни панели и ветерни електрани, а многу битно за државата и за независност во енергетиката е да се изгради и хидроелектраната Чебрен за да имаме стабилна мрежа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Патници скокаа од авион, чад се…
Инцидентот се случил вчера непосредно пред полетувањето…
Во Скопје една цена, а во другите…
Скопје е најскап град за храна во…
Каде има најмногу снег во моментов во…
Во Берово и на Попова Шапка утрово…
(Видео) Ново видео од тик-токерот Вучиќ, овојпат…
Само еден месец е отворен профилот на…
Австрија најсреќна земја во ЕУ, Бугарија и…
Европската агенција за статистика (Евростат), објави податоци…