Нѐ чека ли нова криза и инфлаторен шок?! Експертите и Владата се „крстат“ дека војната брзо ќе заврши
И владата и експертите се „крстат“ дека конфликтот на Блискиот исток ќе заврши брзо и не не чека уште една криза и инфлаторен шок. За сега нема одлука за прогласување на кризна состојба. Министерката за финансии, Кочоска тврди ситуацијата се следи. Доколку министерството за енергетика побара прогласување кризна состојба, ќе се разгледува на Влада.
„Ги следиме состојбите, не само ние како министерство кое е надлежно за акцизите и ДДВ-то, туку и другите министерства, Министерството за енергетика кое што е директно надлежно за оваа проблематика, како и министерството за економија кое што во исто време нели е во комуникација со приватниот сектор. На дневна основа се следи. Ќе видиме какви ќе бидат состојбите понатаму. Знаете вие и во самите закони има предвидено во кои услови и кога може да има одредени промени. Така што ќе видиме како ќе се одвива состојбата, соодветно на тоа ќе реагираме“, изјави Гордана Димитриеска-Кочоска.
Од Министерството за енергетика пак тврдат дека во случај да дојде до појава на недостаток во снабдувањето, домашните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност во снабдувањето за граѓаните и стопанството.
„Тие се чуваат како безбедносен механизам и не се користат во редовни пазарни услови, туку исклучиво со одлука на Владата, во случај на прогласување енергетска криза или сериозно нарушување на снабдувањето. Во моментов, увозот на нафтени деривати е целосно либерализиран и се одвива непречено, без ограничувања или застои“, велат од министерството за енергетика.
И експертите очекуваат дека за брзо ќе има решение за конфликтот. Во спротивно велат ударот за Македонија ќе биде голем, бидејќи економијата уште се опоравува од претходните кризи.
„Доколку конфликтот продолжи на среден рок, веднаш ќе се јави нестабилност на глобалните пазари, како на пазарите на енергенси, така гледате се поместуваат и финансиските пазари, меѓутоа тоа би влијаело и на транспортните трошоци. Преку транспортните трошоци би влијаело и на цените на определени производи кои се обезбедуваат, меѓутоа и на храната. Ние знаеме дека сме увозно зависна земја пред се на енергенси и на храна и сме високо чувствителни на глобалните движења“, изјави универзитетскиот професор Борче Треноски.
Според енергетските експерти државата преку Агенцијата за нафтени резерви има законска обврска да обезбеди количини за непречено работење на економијата за 60 до 90 дена. Загрижувачки според нив е и што се дуплираа тарифите за транспорт, а поскапиот транспорт може да ги качи цените на производите и услугите.
„Регулаторната комисија за енергетика консенквенцно да ги следи овие текови на цените и промптно да реагира преку донесување одлуки за цените на нафтените деривати кај нас за да не се создадат состојби каде што ќе имаме евтина цена на нафтени деривати, а ќе немаме деривати“, изјави Славе Ивановски, експерт за енергетско право.
Во услови на криза,Министерството за финансии може да ја намали акцизата за горивата до 4 денари или ДДВ-то за увоз на енергенси од 18 на 10 отсто. Министерката за финансии вели прерано е било што да се прогнозира, но ако конфликтот потрае, со ребалансот на Буџетот ќе има и корекции во проекциите, како за растот на БДП така и инфлацијата за годинава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нѐ чека ли нова криза и инфлаторен…
И владата и експертите се „крстат“ дека…
Трамп: Подготвен сум да соработувам со новата…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес во…
„Да не слушнам ни збор дека можела…
рагичниот настан во кој згаснаа животите на…
437 Македонци побарале евакуација од Блискиот Исток
Од почетокот на конфликтот 473 македонски граѓани…
Иран со нови закани: Нафтата ќе стигне…
Генерал од Корпусот на иранската Исламска револуционерна…