Обвинителката Хаџи-Василева: Ќе докажеме дека соѕиданите пари се на судијата Ристов
По поднесеното обвинение за судијата Ѓоко Ристов, обвинителката Искра Хаџи Василева истакна дека пред суд ќе докажат дека парите кои беа најдени во семејниот дом на судијата се негови, и дека самиот ги сокрил во ѕидот.
Обвинителката остакна дека Обвинителството поднесе обвинение против сега обвинетиот Ѓоко Ристов за кривичните дела Против правно стекнување и прикривање имот и Перење пари. Таа истакна дека е уверена дека пред судот ќе ги докажат кривичните дела.
– Во текот на истрагата обезбедивме докази дека токму судијата Ѓоко Ристов ги криел парите. Имаше вештачење на биолошки траги, вели обвинителката.