Обвинителството за Груби бара домашен притвор, ќе бил во опасност во Шутка

t

Основното јавно обвинителство Скопје по добивањето на известувањето дека второосомничениот во предметот за Државната лотарија каде е осомничен заедно со уште пет лица, доброволно се пријавил на органите на прогонот и изразил подготвеност да соработува со надлежните органи, ќе ја продолжи постапката за истиот со цел донесување на јавнообвинителска одлука, известуваат од Обвинителството за Артан Груби.

На барање на второосомничениот преку неговата одбрана истиот во текот на денешниот ден беше спроведен пред надлежниот обвинител каде вршеше увид во списите на предметот, но поради обемноста на доказниот материјал увидот ќе продолжи наредните денови по што на второосомничениот ќе му биде овозможено да ја даде својата одбрана.

По однос на мерките за обезбедување на присуство на второосомничениот во понатамошниот тек на постапката Основното јавно обвинителство Скопје предложи замена на мерката притвор со мерка куќен притвор и одземање на патна исправа, имајќи го во предвид фактот во најголем дел се обезбедени доказите во текот на постапката, дека истиот доброволно се пријавил на органите на прогонот, како и дека постојат индиции дека во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност, кои индиции се поткрепени со известувања од надлежните органи. Исто така индициите за загрозената безбедност се однесуваат и на членовите на неговото семејство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството за Груби бара домашен притвор, ќе…

Основното јавно обвинителство Скопје по добивањето на…

Фрчкоски: Целиот инженеринг околу доаѓањето на Артан…

Целиот инженеринг околу доаѓањето на Артан Груби…

ИСЛАНД ЌЕ ГЛАСА ЗА ПРИКЛУЧУВАЊЕ КОН ЕУ…

Исланд размислува да распише гласање за рестартирање…

Министерството за здравство им посака лесни пости…

дневниот Велигденски пост. Пет дена претходно на…

(Фото) Одрон во тунелот на патот Скопје–Велес

Во тунелот на патниот правец од Скопје…