Обвинителството поднесе обвинителен предлог против синот на Муса Џафери заради шамарите за Бислимовски

t

Скопското обвинителство до кривичниот суд поднесе обвинителен предлог против синот на Муса ЏафериАријанит Џафери за нападот врз претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски. Тој се гони за кривично дело насилство.

-Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, велат за Фокус од Обвинителството.

Причина за нападот беше тоа што неговата фирма „У- повер“ се најде на списокот на РКЕ за одземање лиценци, бидејќи не испорачувала доволно струја колку што им била потребна на потрошувачите со кои имала склучено договори.

Од регулаторното тело брифираат дека постапката сѐ уште трае и досега РКЕ сѐ уште ѝ ја нема земено лиценцата на компанијата.

Од таму потенцираат дека се работи за долга постапка и дека нејзината цел е да се коригира поведението на снабдувачите со струја, а не да им се одземе лиценцата, со цел да не се наруши енергетскиот систем, во услови кога владее голема економска криза.

Според последните информации од таму, компанијата воопшто не ни набавува повеќе струја.

-Ве информираме дека У Повер на 31 јануари оваа година ја извести РКЕ по имејл дека не постојат потрошувачи што ги снабдува со електрична енергија во месец февруари 2022 и од тие причини нема набавено енергија, ни одговорија од РКЕ.

Од Комисијата велат дека постојано и детално ја мониторираат работата на снабдувачите со електрична енергија, вклучително и на У Повер. Одлука за одземање на лиценца до овој момент не е донесена, велат од РКЕ за „Фокус“.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Средба на Џафери со претседателката на италијанскиот…

Соработката меѓу Италија и С. Македонија на…

Peзил, некои работи не стареат добро –…

Изјавата од ноември Нема да има ценовни…

Седницата за избор на нова влада во…

Претседателот на Собранието Талат Џафери седницата за…

Џафери: Новата влада би ги преземала функциите…

Претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека…