Обраќање на Бегај во Собрание: „Коридорот 8 вистински пример за спојување на економијата и безбедноста“

t

Без отворени прашања, само пофални зборови за односите меѓу двете земји, во говорот на претседателот на Албанија Бајрам Бегај во Собранието. Рече дека му е чест што е во посета на земја со која неговата држава има одлична соработка.

-Нашите односи имаат влијание и во регионот, тие остануваат важен столб на стабилноста, регионалната соработка и нашата евроатланска ориентацијата. За Албанија, Северна Македонија е главен фактор во чувањето на мирот, безбедноста и меѓуетничката кохезија-вели Бегај.

Во својот говор, Бегај опфати неколку клучни точки. Меѓутоа, голем дел од своето време го посвети на изградбата на Коридорот 8, кој според него е прокет од големо значење, не само за Албанија и Македонија, туку и за поширокиот регион.

„Коридорот 8 е најдобриот пример како се спојува безбедноста и економијата. Се намалува времето на патување, се намалуваат трошоците, и се зголемува конкуренцијата за бизнисот. Тоа трговска артерија, а за граѓаните е можност за вработување. За регионот претставува порака за безбедност, затоа што соработката е подобра од изолацијата“, изјави Бегај.

Бегај од собраниската говорница повика на уште поголема соработка помеѓу двете земји, унапредување на меѓуетничките односи, економската соработка, соработката на патот кон ЕУ. Порача дека светот се менува, а посака Македонија и Албанија заедно, како партнери да го поминат патот на промените.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обраќање на Бегај во Собрание: „Коридорот 8…

Без отворени прашања, само пофални зборови за…

Мини реконструкција на владата – еве кои…

Две нови имиња се очекува да станат…

Сиљановска-Давкова повторно бара гаранции од ЕУ

Многупати сум чула за моменти што треба…

Ученик во ООУ „Киро Глигоров“ донел нож…

Ученик во ООУ „Киро Глигоров“ во Капиштец…

Министерство за транспорт го распиша тендерот за…

Министерствoто за транспорт информира дека објавило Јавен…