Објавени телефонски разговори помеѓу Лавров и Сијарто!
Се појавија снимки од телефонските разговори меѓу унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, и рускиот министер Сергеј Лавров, кои откриваат алармантни детали за активното влијание на Будимпешта во полза на Кремљ во рамките на Европската Унија.
Истражувачкиот портал „Инсајдер“ и неговите партнерски редакции објавија дека Сијарто редовно пренесувал доверливи информации од Брисел на Русите и нудел директна помош за избегнување на европски санкции кон руски компании.
Еден од најконтроверзните разговори се случил на 30 август 2024 година, само еден час по враќањето на Сијарто од Санкт Петербург. Лавров веднаш преминал на суштината: рускиот олигарх Алишер Усманов барал неговата сестра, Гулбахор Исмаилова, да биде отстранета од санкциските листи на ЕУ. „Слушај, се јавувам по барање на Алишер, тој сакаше да те потсетам да направиш нешто за неговата сестра“, му рекол Лавров.
Без двоумење, Сијарто одговорил дека со поддршка на Словачка ќе предложи нејзино отстранување од листата на санкции, додавајќи: „Ќе направиме сѐ што можеме“.
Седум месеци подоцна, Исмаилова навистина била избришана од европскиот список.
По ова, разговорот се префрлил на речиси пријателски тон. Двајцата со иронија ја критикувале ЕУ, особено земјите кои силно ја поддржуваат Украина. Лавров го нарекол Жозеп Борел „најголемо разочарување“, додека Сијарто го споредил со „европскиот Бајден“.
Рускиот шеф на дипломатијата цинично коментирал европски правила и политики, додека Сијарто, послушно, објаснувал бирократски процедури.
Кон крајот, унгарскиот министер се обидел да му се допадне на Лавров, пофалувајќи го новото седиште на „Газпром“ и додавајќи: „Секогаш сум на располагање“. Овие разговори го откриваат не само директното вмешување на Будимпешта во полза на Кремљ, туку и близината и личната ангажираност на Сијарто во работењето на руските интереси во ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров ја објави главната закана која доаѓа…
Главната закана доаѓа од силите на Запад…
Сијарто: Најголемо проширување на ЕУ за време…
Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер…
Сијарто: Европската унија не ја фрли Русија…
Санкциите против Русија не ја уништија економијата…
Сијарто: Унгарија не може да биде поткупена…
Унгарија не може да биде поткупувана или…
Лавров: Забраната за влез на автомобили со…
Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј…