Објавен е Конкурсот за запишување на питомци на Воената академија

t

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје го објави Конкурсот за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Македонија и студенти за потребите за управување со кризи и заштита и спасување на прв циклус студии во учебната 2026/2027 година.

Министерството за одбрана упатува повик до сите млади лица кои сакаат своето образование и работна кариера да ја продолжат како идни офицери во рамки на македонската Армија и ги исполнуваат критериумите согласно објавениот Конкурсот да ја искористат можноста и да се пријават.

На Конкурсот може да се пријавуваат кандидати кои се македонски државјани, со завршено четиригодишно средно образование, да не се постари од 21 година (на денот на пријавување и поднесување документи) и да се психофизички способни (утврдува военолекарска комисија).

Подетални информации може да пронајдете на веб страницата на Воената академија на следниов линк:

https://ma.edu.mk/announcements-competitions/260527-konkurs-za-zapishuvane-studentipitomci-za-potrebite-na

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„И лавот му рече на орелот мјау“:…

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…

Ќе се формира регионална академија за сајбер…

Американскиот универзитет на Европа – ФОН во…

(Видео) Дронот „Охотник“ првпат фрла бомба пред…

На интернет се појави снимка на која…

Совет Русија-НАТО на 12 Јануари – Предлага…

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и…