Објавен повик за бескаматна кредитна линија за компании погодени од енергетската и економската криза

t

Развојната банка (РБРСМ) денеска објави јавен повик за нова бескаматна кредитна линија наменета за обртни средства на кој од 11 мај 2022 година можат да аплицираат микро, мали и средни компании, трговци поединци и занаетчии погодени од енергетската и економската криза. Јавниот повик ќе трае 15 дена, сметано од 11 мај 2022 година од 09:00 часот до 26 мај 2022 година до 09:00 часот, а барањето за кредит субјектите треба да го достават по електронски пат на е-маил адресата [email protected].

Минималниот износ на кредит е 185.000 денари, а максималниот 3.000.000 денари и има рок на отплата од 12 и од 18 месеци со вклучен грејс период од 6 месеци и во двата случаи. За корисниците на оваа кредитна линија предвидена е грант компонента од 10 проценти за субјектите кои ќе користат рок на отплата од 18 месеци, односно 20 проценти за субјектите кои ќе користат рок на отплата од 12 месеци. Грејс периодот и во двата случаи е до 6 месеци.

-Кредитната линија е наменета за микро, мали и средни претпријатија, трговци поединци и занаетчии кои плаќаат данок на реален приход и се регистрирани во Република Северна Македонија. Компаниите треба да бидат во приватна сопственост и на листата на прифатливи класи на дејности за кредитирање, објавена во јавниот повик, информираат од Развојната банка.

Нагласуваат дека субјектите кои користеле кредит од „Ковид 3″ и „Ковид 4″ кредитните линии, нема да можат да ја користат кредитната линија за поддршка на компаниите погодени од енергетската и економската криза.

-Субјектите кои користеле кредит од „Ковид 1″ и/или „Ковид 2″ кредитните линии и немаат неизмирени достасани обврски во износ поголем од 10.000 денари на денот на аплицирање (11 мај 2022), ќе можат да ја користат оваа бескаматна кредитна линија, посочуваат од Развојната банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Застрашувачки вести од Харков: Повеќе од пола…

Русија го нападна енергетскиот систем на Украина…

Возило излетало од пат во Кичевско, повредени…

Три жени се повредени од кои една…

Децата ги фрлаа јаболката што ги добиваа,…

Мерката на претходната Влада за помош на…

Дурмиши: Доколку трговците не ги намалат цените…

Доколку трговците нe покажат поголема општествена одговорност…

ТВ21: Жители на селото Вејце отсечени поради…

Снегот кој паѓаше во изминатите денови во…