Оглас за вработување во СОУ Јосиф Јосифовски во Гевгелија
Средното општинско училиште Јосиф Јосифовски во Гевгелија распиша ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 332/2024 за вработување на 1 јавен службеник од група I, подгрупа II во Средно општинско училиште Јосиф Јосифовски Гевгелија за следните работни места
1. ОБН0102В01001 Советник за општи и нормативно правни работи – Секретар, Одделение за нормативно правни работи, човечки ресурси и општи работи, Сектор за административна служба(1) извршител(и)
Општи услови
- – да е државјанин на Република Македонија,
- – активно да го користи македонскиот јазик,
- – да е полнолетен,
- – да има општа здравствена способност за работното место,
- – со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
- – ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Дипломиран правник
- – најмалку 3 (три) години работно искуство во струката
Општи работни компетенции
- – решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- – учење и развој
- – комуникација
- – остварување резултати
- – работење со други/тимска работа
- – стратешка свест
- – ориентираност кон странките/засегнати страни и
- – финансиско управување
Посебни работни компетенции
- – активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- – активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
- – Работни денови понеделник-петок
- – Работни часови неделно 40
- – Работно време од 07:00 до 15:00
- – Опис за работното време
Паричен нето износ на плата: 38.393,00 Денари
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.Рокот за пријавување изнесува 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет страницата на Агeнцијата за администрација.
Фаза 1 – административна селекција се спроведува во рок од 15 дена од завршувањето на објавениот оглас.
Фаза 2 – испит за административен службеник се спроведува во рок кој не може да биде пократок од 10, а подолг од 30 дена од завршувањето на фаза 1 и истата се снима и емитува во живо на интернет страницата на Агенција за администрација.
Фаза 3 – проверка на веродостојност на докази и интервју се спроведува во рок од 10 дена од завршување на фаза 2.
Аплицирајте на следниот ЛИНК
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица Гевгелија: Над 940.000 евра за одржување…
Локалниот огранок на партијата Левица од Гевгелија…
Обид за убиство на адвокат и извршител…
Жител на Гевгелија со пиштол се обидел…
Левица: ВМРО-ДПМНЕ распродава општински имот во Гевгелија
ВМРО-ДПМНЕ реши да распродава општински имот во…
Нова несреќа: Мигрант нападнал полицаец во Гевгелија!
Утрво во 6 часот и 20 минути…
Приведен криумчар, пронајдени осум лица мигранти
Денеска околу 01.15 часот, на место викано…