Ограничени маржи на основните продукти: Народот нека јаде макарони во мали тенџериња, Владата ќе крка октоподи
Владата ни препорачува да готвиме во помали тенџериња за да заштедиме електрична енергија, а вистински предизвик е да се најде леб под 50 денари низ македонските маркети и пекари.
До пред неколку месеци истиот леб беше двојно поевтин, а можеше да се готви и во големи тенџериња и да се тушираме подолго, да нема ограничување на греењето и ладењето на просториите.
Но како “достојна” членка и “водечка сила” во НАТО, Македонија беше меѓу првите држави кои воведоа санкции кон Русија заради нејзината специјална воена операција во Украина. За тој потег добивме пофалби и од ЕУ и од НАТО, ама македонскиот народ вели “од фала не се живее”.
Владата ги намали трговските маржи на основните прехрамбени продукти како леб, брашно, макарони за да се спречи ценовен шок и секако, да им народот што да јаде.
Владиниот портпарол Мухамед Хоџа, во одговор на новинарско прашање кога ќе се прошири листата на производи со ограничена маржа, вчера рече:
– Економскиот тим на Владата е во постојан контакт со сите засегнати страни и во тој контекст, како што и претходно беше најавено, ќе има проширена листа на производи по завршување на потребните анализи на пазарот.
И додека маржите за народот да може да јаде макарони се замрзнати, Владата набавува октоподи и морски плодови. Ама тие не се јадат во обични чинии па редно е да се набави и соодветен луксузен прибор за истите.
Народот нека јаде макарони, за Владата да има за октоподи. И гответе ги макароните во мали тенџериња за да заштедите струја.
Марија Антоанета може вода да ѝ носи на македонската Влада…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата со препорака Службен весник да ја…
Транспарентна влада е силна влада! Еден значаен…
Владата го повлече предлог-законот за средно образование,…
Законот за средно обеазование е повлечен од…
Владата ќе го раскине 17 милиони евра…
Владата планира да го раскине договорот со…
(Видео) Османи: Не размислуваме да влеземе во…
Во оваа Влада не размислуваме да влеземе,…
(Документи) Фалинки или фалсификати во образованието на…
Во која нормална држава за директор на…