Објавено на:

Ограничувања за точење гориво во Словенија, Словачка најавува повисоки цени за странци

t

На бензинските станици на МОЛ (MOL) во Словенија, физичките лица ќе можат да точат до 30 литри гориво по полнење, додека за правните субјекти и товарните возила лимитот е поставен на 200 литри, објавија словенечките медиуми. Слични мерки воведува и „Шел“ (Shell), додека Словачка најавува чекори против т.н. бензински туризам, вклучително и повисоки цени за странските возачи.

Од „МОЛ Словенија“ за агенцијата СТА појаснија дека во изминатите две недели е регистрирана значително зголемена потрошувачка, делумно поради создавање резерви, но и поради зголемен број возачи од соседните земји кои точат гориво на граничните бензински станици.

„Со цел да спречиме преоптоварување и притисок врз бензинските станици, а истовремено да обезбедиме рамномерно снабдување за сите корисници, привремено воведовме ограничувања“,

соопштија од компанијата.
Мерката е привремена и се применува на територијата на целата земја, а ограничувањата се утврдени врз основа на просечната дневна потрошувачка.

Според порталот 24ur.com, и „Шел“ вовел ограничувања, првично до 200 литри по полнење, а подоцна во текот на денот лимитот бил намален на 100 литри.

Компанијата „Петрол“ засега не донела одлука за воведување вакви мерки.

Во меѓувреме словачката влада усвои резолуција со која се овозможува повисока цена на дизел-горивото за возила со странски регистарски таблички, со цел да се ограничи „бензинскиот туризам“.

Рафинеријата „Словнафт“ претходно соопшти дека во северните региони на земјата, особено во близина на границата со Полска, пониските цени на дизелот довеле до нагло зголемување на побарувачката.

Премиерот Роберт Фицо изјави дека возачите масовно ги полнат резервоарите и канистрите, што доведува до недостиг на гориво на одделни бензински станици.

Со резолуцијата, која не утврдува горна граница на цените, бензинските станици ќе можат и да ја ограничат продажбата на дизел на едно полнење и дополнителни 10 литри за возила со странски таблички.

Во регионот, Унгарија веќе воведе ограничувања на цените на горивата, додека полската рафинерија „Орлен“ ги намали маржите со цел да го ублажи притисокот врз потрошувачите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ограничувања за точење гориво во Словенија, Словачка…

На бензинските станици на МОЛ (MOL) во…

Беџети се пожали дека добивал СМС-пораки од…

Пратеникот од коалицијата Европски фронт, Блерим Беџети,…

Бил Гејтс тврди дека само три професии…

Соосновачот на Mucrosoft и милијардер Бил Гејтс…

Цената на суровата нафта од типот Брент…

Цената на суровата нафта „Брент“ вечерва се…

Анализа на Гардијан: Ако Трамп победува, зошто…

Иако Доналд Трамп тврди дека САД победуваат…