Одбраната децидна: Стефанова и во завршни зборови измисли договори кои не постојат и не се приложени како докази

Попладнево во Кривичниот суд се одвива рочиштето на кое и одбраната и обвинителството ги имаат завршните зборови за случајот „Плацеви на Водно“.
Одбраната на екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков во своите завршни зборови истакна дека целиот предмет против Мијалков не се заснова на докази и фактичката состојба туку се работи за конструиран случај.
-Наша цел и обврска е да се утврди вистина врз основа на докази кои се неспорни и ќе ја дадат фактичкта состојба.
Во овој предмет апсолутно тоа не е случај. Се работи за конструирано обвинение кое не е базирано на материјлни па дури ни на вербални докази и не се потврдуваат наводи во обвинение, вели адвокатот на Мијалков, Ѕвонко Давидовиќ.
Бранителот на Мијалков истакна дека во овој предмет обвинителството не успеало да докаже дека постојат пари кои се предмет на кривично дело, а дополнително партијата ВМРО-ДПМНЕ од која според наводите на обвинителството потекнуваат парите нема пријавено никакво оштетно побарување.
-Прво не докажаа дека постојат пари кои се предмет на кривично дело. ВМРО-ДПМНЕ не пријви оштетно побарување. Не се утврди дека фалат било какви пари, а не па ваков значителен износ. Десет години институции не докажаа дека фалат пари. Станува збор за опасен преседан бидејќи ЈО бара да се верува на збор и чувства на сведоци, а не да се верува на докази, вели Давидовиќ.
Адвокатот Давидовиќ потенцира дека фактичката состојба за сопственоста на плацевите кои се предмет на обвинението е сосема спротивна од она што го тврди обвинителството и не може пресудата да се базира на уверување и чувства туку на официјални документи бидејќи во спротивно ова би било опасен преседан.
-Имено, се тврди дека плацеви се сопственост на првообвинет, а во катастар се покажува сосема друго. Нема име на првообвинет. Ова е важно заради тоа што доколку е така, Мијалков нема во што да учествува. Се тврди дека апартманите се на првообвинет ама во катастар стојат дека се на име на сведок односно негова сопственост. На што да веруваме ? На официјални документи или на чувства, вели тој.
Според Давидовиќ недостасува крунскиот доказ на јавната обвинителка Лиле Стефанова со кој наводно била направена трампа, вакво нешто нема во доказите посочува тој, напоменувајќи дека ова е најдобар показател дека се работи за конструкција.
-Потврда дека е ова конструкција е фактот што ЈО во завршен збор кажа дека биле најдени документи за трампа. Ова не е точно таков документ не постои ниту го има во предмет. Секое тврдење на ЈО е спротивно на материјални докази кои самите ги предложија. Никаде ниеден сведок не кажа дека на било кој начин учествувал во купување, продажба, ставање средства на располагање за да му помогне на првообвинет да прикрие пари кои не постојат и имот на некој друг, вели Давидовиќ.
Бранителот на Мијалков детектира и други нелогичности бидејќи неговиот клиент се терети за советување за економски противправни дејствија на Никола Груевски, човек кој долги години беше премиер и е самиот е експерт за економија.
-Дури и да е така, кое е кривичното дело Сашо Мијалков го сторил кога имаме премиер и експерт за економија кој барал економски совети. Дали е логично тој да бара совети ? Дали има логика да прашате некој кој има фирма ? Колку пати и вие во својот живот сте прашале некој да ви помогне, запраша Давидовиќ.
Сведоците и обвинетите никаде не споменаа дека Мијалков помогнал во прикривање на трагот на парите потенцираше одбраната на обвинетиот Мијалков, дополнително што судот увиде дека ниту едно од средствата кои се предмет на овој кривично-правен настан не е во сопственот на екс-директорот на УБК.
-За да ставите средства на располагање, тоа мора да се ваши. Судот виде дека ниту едно средство не е во сопственост на мојот клиент, заклучи одбраната.
Адвокатот Миле Петревски детално и со аргументи посочи како двајцата сведоци на ЈО кои го споменаа Мијалков беа дискредитирани заради што на нивното сведочење не може да му се поклони верба.
Според него обвинителството не понуди ниту еден материјален, ни вербален доказ дека Мијалков знаел за потеклото на парите со кои наводно се купувани плацевите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јас не заслужувам држава?! Јас заслужувам ЛИЧНО…
Честопати слушам од луѓе моја генерација и…
Не потпаѓајте на провокации! Ифтарот во Кочани…
НЕ ПОТПАЃАЈТЕ НА ПРОВОКАЦИИ! Огнометот е подметнат,…
Зеленски: Со Трамп имавме суштински и искрен…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денешниот телефонски…
Подвиг на хрватски лекари – пресадиле пет…
Лекарите од клиничката болница Меркур во Хрватска…
Апел за помош! Потребни се средства за…
Почитувани читатели, во продолжение споделуваме апел за…