Одиме по планот: Путин ги откри следните чекори на Русија

t

Во сферата на безбедноста Русија во иднина ќе постапува според планот, во зависност од ситуацијата на која влијаат и други земји, изјави рускиот претседател Владимир Путин, одговарајќи на прашањето за натамошното дејствување на Москва во актуелната ситуација околу Украина.
„Како Русија ќе продолжи да дејствува? Според планот. И како ќе се формира? Во согласност со реалната состојба на теренот. Кој може да одговори како ќе се развива ситуацијата? Тоа не зависи само од нас“, рече Путин на прес-конференцијата со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Во исто време, рускиот лидер додаде дека Русија ќе се обиде да постигне договор со партнерите за прашањата што ги покрена руската страна за да ги реши по дипломатски пат.
„Кои се прашањата? Тоа се добро познати прашања поврзани со обезбедувањето на безбедноста на Русија. Тоа е непроширување на НАТО, враќање на воената инфраструктура на блокот на ситуацијата од 1997 година и нераспоредување борбени ударни системи во близина на нашите граници“, прецизираше рускиот лидер.


Како што истакна, Москва е подготвена да разговара и за други прашања кои се содржани во одговорите на САД и НАТО, но само заедно со други теми кои се од примарно значење за Русија.

Да потсетиме, средбата меѓу Путин и Шолц траеше повеќе од три часа. По разговорите, Путин рече дека средбата била деловна. Темите на разговор беа најактуелни: кризата во Украина, „Северен тек 2“, безбедносните гаранции кои
Хистеријата околу наводните планови на Русија за инвазија на Украина трае со недели. Иако Москва постојано негираше дека има такви намери, западните медиуми и политичари не престануваат да ја повторуваат истата мантра. Згора на тоа, тие бараат Русија да ги повлече војниците кои спроведуваат воени вежби на нејзина територија. Меѓу другото, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров најави дека ќе се вратат во нивните касарни кога ќе завршат воените маневри, како и секогаш.
Украинските власти, пак, постојано изјавуваа дека немаат информации дека Русија подготвува напад врз нивната земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија го напушта Болоњскиот процес: Ќе се…

Русија го напушта Болоњскиот процес, воведува унифициран…

Шамар од Холандија за Украина: Далеку сте…

Малку е веројатно дека Украина ќе добие…

(Фото) Падна уште еден град во Доњецк:…

Руските сили ја презедоа контролата врз градот…

(Фото) Руски бродови “обвинети” за кражба на…

На Твитер се објавени сателитски снимки од…

Уапсени војниците кои го критикуваа Зеленски: Ќе…

Украинските војници од 115-та бригада, кои одбија…