Одредени групите за Светскиот куп 2026, македонските фудбалери ако го минат баражот „одат“ во група А
Во „Центарот Кенеди“ во Вашингтон заврши извлекувањето на групите за Светскиот куп 2026. Македонските фудбалери доколку го минат баражот со Данска и потоа евентуално со Република Ирска или Чешка се распоредени да бидат во групата А заедно со ко-домаќинот Мексико, Јужна Африка и Јужна Кореја.
Распоред на групите:
Група А: Мексико, Јужна Африка, Јужна Кореја, победник од бараж Македонија – Данска / Република Ирска – Чешка.
viber slika
Група Б: Канада, победник од бараж БиХ – Велс / Италија – Република Ирска, Катар, Швајцарија.
Група Ц: Бразил, Мароко, Хаити, Шкотска.
Група Д: САД, Парагвај, Австралија, победник од бараж Словачка – Косово / Турција – Романија.
Група Е: Германија, Курасао, Брегот на Слоновата коска, Еквадор.
Група Ф: Холандија, Јапонија, победник од бараж Украина – Шведска / Полска – Албанија, Тунис.
Група Г: Белгија, Египет, Иран, Нов Зеланд.
Група Х: Шпанија, Зеленортски острови, Саудиска Арабија, Уругвај.
Група И: Франција, Сенегал, победник од бараж Ирак / Боливија – Суринам, Норвешка.
Група Ј: Аргентина, Алжир, Австрија, Јордан.
Група К: Португалија, победник од бараж ДР Конго – Нова Каледонија – Јамајка, Узбекистан, Колумбија.
Група Л: Англија, Хрватска, Гана, Панама.
Репрезентациите од „првиот шешир“ ги извлекуваше НФЛ играчот Том Брејди, од „вториот шешир“ беше поранешниот НБА играч Шекил О‘ Нил. Од „третиот шешир“ репрезентациите ги извлекуваше бејзбол играчот Арон Џаџ, а од „четвртиот шешир“ НХЛ легендата Вејн Гретцки.
Шампионатот почнува на 11.јуни, а финалето ќе се игра на 19.јули во Њу Џерси. Мундијалот ќе биде отворен со натпреварот меѓу Мексико и Јужна Африка во Мексико Сити на стадионот „Ацтека“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одредени групите за Светскиот куп 2026, македонските…
Во „Центарот Кенеди“ во Вашингтон заврши извлекувањето…
Се очекува реизбор на Мицкоски за претседател…
ВМРО-ДПМНЕ денеска во Кавадарци ќе го одржи…
Големи блокади во Грција поради доцнењето на…
Грчката полиција употреби солзавец за да ги…
МААЕ: Заштитниот саркофаг во Чернобил е оштетен…
Заштитниот саркофаг на нуклеарната централа Чернобил во…
Британска амбасада: Соработуваме со Македонија во борбата…
Амбасадата не ги споменува објавите на медиумите…